Ное 6, 2013

Хемиска кастрација за македонските педофили?

Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик.Според статистиката затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски третман, односно посебен медицински…

Ное 4, 2013

Проблем за новопечените бугарски државјани

Новопечените Бугари во Македонија можат да имаат проблем, бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење на бугарски документи.Со бугарскиот пасош можете веднаш да најдете работа во Европа, ви требаат само 250 евра, плаќањето е на рати, а документот ќе го имате во рака за две години.Но, новопечените Бугари во Македонија можат да имаат проблем, бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење на бугарски документи.Агенцијата каде што Македонците аплицираат за вадење документи деновиве жесток…

Окт 31, 2013

Секој ден, 20 македонци заболуваат од рак

Секоја година во Македонија од рак боледуваат во просек по 7.330 лица, или секој ден имаме по 20 нови лица заболени од рак. Од нив 4.625 лица годишно починуваат од оваа болест.Ова е дел од анализата на меѓународната Агенција за проучување на ракот на Светската здравствена организација кои се направени за Македонија за 2012 година.Овие податоци вчера беа претставени на основањето на првиот македонски Сојуз за борба против ракот МАСБОРАК. Во овој сојуз членува и здружението за борба против ракот и леукемија кај децата „Пеперутка“ и други здруженија кои делуваат на полето на борба против ракот…

Окт 31, 2013

Македонците, штедлив народ

Споредено со нивото од крајот на 2012, влоговите на населението бележат пораст од 4 проценти, а на команиите пад за 1 процент . Според најновите податоци на Здружението за банкарство на Стопанската комора, депозитите на граѓаните изнесуваат 2,9 милијарди евра. Од јануари заклучно со септември годинава нивните штедни влогови пораснале за 147 милиони евра: за 4 отсто наспроти крајот на ланската година. Вкупните заштеди на граѓаните на крајот на 2009 година вределе 2,02 милијарди евра, додека во последниот месец на минатата година достасале ниво од 2,85 милијарди евра. Значи, за три години пор…

Окт 30, 2013

Прво порибување на Преспанското Езеро

Според податоците од следењето на рибниот фонд во трите езера во државава Преспанското е најсиромашно со риба. Како причини за ваквата состојба се споменува неконтролираното ловење и секако тоа што никогаш не било порибувано. Имајќи го ова во предвид, за првпат е извршено порибување со крап.„Ова е историски чин за рибниот фонд во езерото. Мора да го зголемуваме и збогатуваме ова еколошки можеби најчисто езеро. Ваквите акции ќе продолжат“, рече на самиот чин на порибувањето Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.И додека ние за првпат порибуваме, албанската страна …

Окт 28, 2013

Има или нема „Амин“ за Facebook?

Владиката на Европската епархија сака да има подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушне нивните размислувања, и затоа смета дека одлуката за забрана на Фејсбук меѓу свештенството не е исправна.Социјалните мрежи не се баук туку се дел од секојдневната култура на живеење, изјави владиката на Европската епархија Пимен, откако „Нова Македонија“ објави дека МПЦ-ОА и официјално му забрани на свештенството да користи Фејсбук. Освен од владиката Пимен, реакции токму на Фејсбук за оваа забрана имаше и од повеќе свештени лица што имаат свои профили на оваа социјална мрежа, меѓу ко…

Окт 28, 2013

Се отвора првиот центар за жртви од семејно насилство

Во Скопје денеска ќе биде отворен прв центар за жртвите на семејно насилство. Овој центар претставува прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство.Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот за институционале…

Окт 21, 2013

Одложен концертот на „Архангел“

Концертот на култниот македонски бенд „Архангел“ е одложен за 20 декември, соопштија организаторите „План Б продукција“. Настанот беше закажан за 26 октомври во салата „Борис Трајковски“. Заедно со „Архангел“ треба да настапи и Македонската филхармонија. Организаторите велат дека наскоро ќе испратат дополнително соопштение за датумот кога би биле пуштени влезниците во продажба. Концертот е најавен како своевиден рок-спектакл, со повеќе од 60 музичари на бина.„Рок-звуците на ‘Архангел’ во комбинација со сериозноста на звуците на Филхармонија ќе ѝ дадат сосема поинаков шарм на таа вечер. По с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top