Македонците, штедлив народ

Банкарскиот систем во Македонија сега има вкупни депозити од 4,1 милијарди евра.

kasicka
касичка

Споредено со нивото од крајот на 2012, влоговите на населението бележат пораст од 4 проценти, а на команиите пад за 1 процент .

stedenjeСпоред најновите податоци на Здружението за банкарство на Стопанската комора, депозитите на граѓаните изнесуваат 2,9 милијарди евра. Од јануари заклучно со септември годинава нивните штедни влогови пораснале за 147 милиони евра: за 4 отсто наспроти крајот на ланската година. Вкупните заштеди на граѓаните на крајот на 2009 година вределе 2,02 милијарди евра, додека во последниот месец на минатата година достасале ниво од 2,85 милијарди евра. Значи, за три години пораст од дури 830 милиони евра. Депозитите на компаниите се 920 милиони евра: за 1 процент помалку од крајот на 2012. Каматните стапки на штедењето постојано бележат опаѓање во последниве неколку години, но, и покрај ваквата тенденција, граѓаните се решаваат се повеќе да вложуваат во банките. Во 2009 просечната камата на денарските депозити во банкарскиот систем била 7 проценти, а во 2012 таа е „симната“ на 5,1 отсто. За девизните депозити каматата од 3,3 отсто во 2009 е намалена на 2,2 проценти во 2012 година. Депозитната база на граѓаните расте, иако забавено, пред сѐ поради воздржувањето на граѓаните од потрошувачка, поради се уште присутните неизвесности во економијата. Но, има циклични осцилации: штедењето на населението растеше во текот на кризата и се уште расте, но со забавени стапки од 5-6 отсто на годишно ниво, наспроти двоцифрените стапки пред кризата да земе поголем замав.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top