Мај 21, 2014

Доаѓаат температури над 30 степени

Стабилно, сончево и топло време не очекува денеска. Дневните температури од денеска па во наредните денови полека почнуваат да растат, па до крајот на неделата ќе бидат измерени и температури повеќе од 30 степени.Утрово во Скопје се измерени 13 Целзиусови степени, Крива Паланка 8, Штип 13, Берово 7, Битола 12, Гевгелија 16, Струмица 13, Прилеп 12, Охрид 9.Денеска ќе имаме пријатни временски услови, Македонија е веќе под влијание на потопла воздушна маса која ни носи стабилно, сончево и топло време.Денеска во Скопје максималната дневна температура ќе биде 27 Целзиусови степени, Тетово и Гост…

Мај 21, 2014

МВР: Расчистено грозоморното убиство во Ѓорче

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше  грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство.Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот нешто по 17,00 часот, но истиот бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако, не успеал во извршувањето на кривич…

Ное 26, 2021

„Беса транс“ недостапна за инспекцијата

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, изјави директорот на ДИТ Руфат Хусеини. Тој за МИА вели дека не можеле да направат инспекција дека канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон. Хусеини вели дека сега ќе достават писмен допис и ќе закажат термин за сопственикот да ги пречека и да ја отвори канцеларијата. Ако не ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни рабо…

Мај 20, 2014

Наместо матични, ќе не лечат семејни доктори

Oд Здружението на лекари по општа, односно семејна медицина, велат специјализациите веќе се во тек, а од следната година граѓаните ќе можат да изберат семеен доктор.Концептот семеен лекар ќе опфати повеќе здравствени услуги како: ехо прегледи, земање микробиолошки примероци, вадење конци, стреп-тест, капацитет на бели дробови, како и мерење шеќер во крв.Најдоцна до 2020 година сите матични лекари треба да се доедуцираат или специјализираат семејна медицина.{loadposition content9}

Мај 20, 2014

Приведен осомничениот за убиството на матурантот од Ѓорче

Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна.Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето било прободено со два…

Мај 15, 2014

Во Македонија годишно од рак на кожа умират повеќе од 50 лица

Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.Податоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години.Со цел да се превенира болеста, од 27 до 29 овој месец ќе бидат организирани бесплатни скрининг прегледи во државните д…

Мај 15, 2014

Се проширува проектот „Домашна визита“

Проширување на проектот „Домашна визита“ како една од мерките со кои им се помага на социјално ранливите категории, најавија в Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за здравство, Никола Тодоров.Целта е намалување на социјалниот ризик и обезбедување на социјалната поддршка за граѓаните кои се наоѓаат во потешка состојба.Со новото проширување на овој проект се предвидува стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, во домашни услови да им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги, како и стручна помош на лица…

Мај 15, 2014

За една недела обиени три цркви во мавровскиот крај

Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони. Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина,  од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион.Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони укажува на фактот дека…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top