Јун 15, 2021

Српските туристи добија М-карта: Од денес бесплатно транзитираат низ земјава

-Овие МСмарт картици се исклучиво за српски државјани со српски таблици кои влегуваат на територија на нашата држава и исклучиво транзитираат низ нашата држава и одат за Република Грција. Служи за едно одење и враќање до Република Грција и назад, вели раководителката на смена на ГП Табановце, Снеже Митева. Србите секако задоволни од оваа поволност. Сепак, дел сметаат дека нема потреба Македонија да се оддолжува за донираните вакцини. -Српските државјани кои од денеска, па се до 15 август ќе добијат МСмарт картички ќе можат да ги чуваат и за следната сезона, но секако, доколку самите ги …

Јун 12, 2021

Германија ја тргна Македонија од листата ризични земји

Покрај Македонија, повеќето земји од регионот кои се наоѓаа на листата, сега се тргнати: Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Германскиот институт повеќе не ги смета за ризични и: САД, Украина, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Молдавија, Либија, Кипар, Канада, Азербејџан и Австрија Ерменија. Во групата високоризични, пак, се сметаат: Малезија, Монголија, Намибија и Шри Ланка. Со мал ризик, Германија ги смета: Грузија, Мексико, Португалија, Шпанија и Катар.

Јун 11, 2021

Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. -Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем, напиша Филипче на Фејсбук. Министерот најавува повеќе детали во текот на денот.

Јун 10, 2021

Русија протера македонски дипломат

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти амбасадата на Руската Федерацija Македонија, пренесувајќи го соопштението на руското министерство за надворешни работи. „Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“, пишува во соопштението на…

Јун 9, 2021

Пристигнаа 30 000 вакцини донација од Турција

– Сакам да изразам голема благодарност до Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата, напиша Филипче. Министерот и премиерот Зоран Заев изминатата беа во работна посета во Истанбул и имаа средба со Ердоган. Според последните информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера вакцинирани се 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556…

Јун 9, 2021

К-15 нема да има за цела администрација

Освен за капитални инвестции, во буџетот ќе има повеќе пари и за јавната администрација. Иако од лани во март до пред неколку недели поголем дел од нив не одеа на работа поради мерките за заштита од пандемијата, сега сите ќе добијат пари и за регрес за годишен одмор, или т.н. К-15. За оваа намена ќе се потрошат дополнителни 4 милиони евра. Од владата велат дека ова било ветено уште за лани, но поради кризата имало одложување. Од синдикатот велат дека овие пари нема да ги добијат сите во јавниот сектор, туку само оние кои се опфатени со гранскиот колективен договор: „Во гранскиот колектив…

Јун 9, 2021

Спорт Клуб и Арена Спорт ќе емитуваат на македонски и албански јазик

Владата ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да се најде начин, спортските канали Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата држава да можат да се емитуваат на македонски/албански јазик. Ова го соопштија од Владата откако била разгледана и усвоена информацијата за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија преку јавни комуникациски мрежи. Агенцијата треба да ја извести Владата во рок од 3 месеци за ова…

Јун 8, 2021

Продолжен рокот за попис на пчелни семејства

До 15 јуни е продолжен рокот за попис на презимени пчелни семејства, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Продолжувањето на рокот, како што соопштија од Агенцијата, е на барање на одгледувачите на пчели. -Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, изјави директорот на Агенцијата за х…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top