Јул 10, 2020
источна македонија

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев. Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои пристигнале во редакцијата, се гледа…

Јул 10, 2020
кодекс на новинари

Партискиот став мора јасно да се посочи

Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите. Проблемот со презентираната информација, е тоа што партиско соопштение е претставено без атрибуција, без наведување на извор, без елементарна редактура и оградување од политичкиот субјект што ги изнесува ставовите. На ваков начин, новинарот го сообразил жанрот вест, со партиското соопштение, доведувајќи го читателот во можна заблуда и учествувајќи во пропаганда односно навивање. Членот 14 од Кодексот на …

Јул 10, 2020
комисија за заразни болести

Причина за разрешувањето на Зибери

Пишува: Билјана Т. Димко Во крајно пристрасен, коментаторски и текст кој не може да се смести во ниту еден од информативните новинарски жанрови, се изнесени невистини, тешки обвинувања за наводна политизација на Комисијата за заразни болести во функција на изборниот процес, се обвинува министерот за здравство ,,дека цело време ја користи говорницата за партиски цели на СДСМ” и се спинува наводна војна за албански гласови. Со цел да се минимизира вистинската причина за разрешувањето на екс директорот на ЦЈЗ Скопје, Арбен Зибери, непотпишаниот автор поставува десетина прашања на кои самиот с…

Јул 10, 2020
ковид 19

Противници на вакцина што (сè уште) не постои

Пишува: Весна Коловска По смртта на претседателот на РК „Преспа“, Илче Котевски, кој почина од Ковид-19, познатата македонска пејачка Тања Ксена Царовска излезе со емотивна реакција на Фејсбук, каде изнесува неточни информации и теории на заговор. Царовска во постот вели: „Е па другари, како зошто, треба да се всади страв в коски и луѓето да сакаат да се вакцинираат од страв. Инаку ќе им пропадне планот со вакцините, никој нема да сака. Оние што го праќаат протоколот за лекување од седиштето, тие просперираат од смрт. Тие сакаат смрт, тие доживуваат екстаза на смрт на невини, немоќни луѓе“….

Јул 10, 2020

Лажна е веста дека Ден Дончев е уапсен

Пишува Мирослава Бурнс Лажна е веста дека екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев е приведен или уапсен како што објави Лидер. Со бомбастичен наслов „ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција“ лажно се тврди дека Дончев бил уапсен и тоа од секторот за организиран криминал. Како што официјално соопштија од МВР, Д.Д. бил уредно поканет со покана за разговор во полициската станица Карпош. Тој уредно самиот се пријавил и по извршениот разговор си заминал. Оттука неточно е и тврдењето изнесено во текстот што го рецензираме, дека Дончев ,,се очекува по распит…

Јул 10, 2020

Стана пракса да се атакува, со сечени делови од аудио записи

Пишува Убавка Јаневска Порталот Свест.мк на 25 јуни објави аудио материјал од 20 секунди во кој се слуша дека постои вжештена расправија и се слуша женски глас. Насловот на текстот е ,,Велес го тресе тежок скандал! Директорот на Центарот за јавно здравје малтретира вработен! (аудио). Според објавата на порталот што ја рецензираме, гласот е на директорката на Центарот за јавно здравје Велес, доктор Анастасија Иванова. Не се објавени изјави од инволвираните, и покрај тоа што од објавата може да се заклучи дека на авторот на текстот му се познати (ги именува). Секогаш кога има конфликт меѓу …

Јул 10, 2020

Порака на платно се користи за манипулација со охриѓани

Пишува Соња Рилковска Рецензираме текст објавен на порталот Охрид24, под наслов: „(ФОТО) Охриѓани ги испратија Заев и Шекеринска“. Уште во самиот наслов се манипулира, на начин што порака испишана на платно, најверојатно од страна на политичкиот опонент во кампањата, за која не се знае ниту кога, ниту каде, ниту кој точно ја испишал, се претставува како охриѓани. Прецизно е да се каже дека ,,платно со содржината што е објавена на фотографијата се појавило на одредена локација,, но да се тврди дека тоа платно е симбол на целиот град, односно дека зад него стои целото гласачко тело на Охрид…

Јул 10, 2020

Информативен текст не смее да биде употребен за навредливи коментари

Пишува: Жаклина Цветковска Рецензираме текст со тенденциозен наслов „Заевизмот“ го префатил и Сугарески“ , објавен на порталот lider.com.mk, на 26.06.2020 година, кој е полн со навредливи коментаторски забелешки и непотврдени констатации. Објавата наликува на информативно пропагандна кампања од непотпишан автор. Самиот наслов „„Заевизмот“ го префатил и Сугаревски“ е коментар, употребен е како синоним за изнесување лаги и е личен став на авторот, што е недозволиво во информативните жанрови. За вест во која се соопштува за посетата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и технич…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top