Порака на платно се користи за манипулација со охриѓани

Рецензираме текст објавен на порталот Охрид24, под наслов: „(ФОТО) Охриѓани ги испратија Заев и Шекеринска“.

 |  vistinomer.mk  | 

Пишува Соња Рилковска

Рецензираме текст објавен на порталот Охрид24, под наслов: „(ФОТО) Охриѓани ги испратија Заев и Шекеринска“.

Уште во самиот наслов се манипулира, на начин што порака испишана на платно, најверојатно од страна на политичкиот опонент во кампањата, за која не се знае ниту кога, ниту каде, ниту кој точно ја испишал, се претставува како охриѓани. Прецизно е да се каже дека ,,платно со содржината што е објавена на фотографијата се појавило на одредена локација,, но да се тврди дека тоа платно е симбол на целиот град, односно дека зад него стои целото гласачко тело на Охрид е во најмала рака манипулација и политичка агитација во кампања.

Во текстот нема вовед, туку само еден пасус, но ни во него не е одржана професионална дистанца и не е направена разлика меѓу тоа што е информација а што е коментар.

Денес дојдовте и никогаш повеќе“, ова е пораката со која охриѓани ги испратија Зоран Заев и Радмила Шекеринска кој вечерва имаа трибина во Охрид. Со тоа охриѓани им порачаа на Заев и Шекеринска дека не им ги забораваат и не им ги простуваат сите лажни ветувања и предавства.

При тоа не е објавено ниту кој, ниту каде поставил таква порака на платно , испишана со спреј – „Денес дојдовте и никогаш повеќе“, ниту пак на кого се однесува пораката. Неименуваниот автор сам ја толкува пораката на натписот. Пишува дека охриѓани ја поставиле за да ги испратат Заев и Шеќеринска, на заминување од трибината во Охрид. Користејќи го зборот охриѓани, првенствено манипулативно се алудира на масовност, а потоа и се обвинува за лажни ветувања и предавства.

Согласно Кодексот на новинарите известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Текстот се коси со новинарските стандарди, воедно и поради тоа што не се одговорени основните прашања: кој го поставил натписот, кога, каде и зошто?

Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top