Јул 8, 2020

Манипулација со бројките на објавите на СДСМ на „Фејсбук“

Пишува: Убавка Јаневска Го рецензираме текстот објавен на Курир, на 4 јули, годинава со наслов „ФОТО: СДСМ троши 27.000 евра дневно за реклами на Фејсбук“ во кој се тврди дека партијата на власт троши огромни суми на пари за спонзорирани објави на оваа социјална мрежа. Според насловот на веста на Курир, СДСМ трошел дневно по 27 илјади евра додека според објавена пресметка во текстот за секој од политичарите поединечно објавува сума од 27.660 евра. „Невистина со цел да ја дезинформираат и манипулираат јавноста, гласи коментарот на СДСМ“, стои во писмениот одговор што на 5 јули 2020 година …

Јул 8, 2020

Пласирање лажни вести под превезот на „анонимни извори“

Пишува: Соња Рилковска Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“. Насловот е поставен во прашална форма, но не е одговорено во текстот што се пласира. Уште во првиот пасус се спинува лажна информација, со која непознатиот автор тврди дека Танески е сменет од позицијата шеф на изворен штаб, користејќи ја добро познатата фраза со повикување на свои високи партиски извори, кои редовно остануваат анонимни. Веста воопшто не е точна, за што СДСМ веднаш објави демант со кој ги негираше информациите на Охрид 24…

Јул 8, 2020

Лиферувана шпекулативнa инсинуација за „сериско палење возила низ Македонија”

Рецензираме текст со наслов „ После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?“, кој што е поврзан со објавувањето на аудио материјал, најверојатно снимен нелегално, во која се слуша разговор помеѓу две лица за кои се тврди дека се блиски до семејството Заеви. Текстот е полн со шпекулации и непотврдени информации. Нелегално снимениот материјал се користи за да се инсинуира дека сите случаи на запалени автомобили од 2017 година до сега се поврзани со истите лица што се спомнуваат во незаконски снимениот материјал, без да се понудат релевант…

Јул 8, 2020

Партијата која „БЕСА“-та („Зборот“) на Албанците им ја даде на „каурите“ го поддржува Заев за обединување со ВМРО против „премиер Албанец“

Пишува: Шефкије Аласани Пример кој не ги почитува новинарските стандарди е рецензираниот напис со наслов: Партијата која „БЕСА“ – та на Албанците им ја даде на „каурите“ го поддржува ставот на Заев за обединувањето со ВМРО против „премиерот Албанец, објавен на информативниот портал Актуале.мк на 1 јули. Насловот на рецензираниот напис повеќе наликува на еден субјективен и емотивен коментар, и е во спротивност со основните новинарски написи. Во член 13 од Етичкиот Кодекс на новинарите пишува: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Насловот има…

Јул 8, 2020

Дали Заев и Мицкоски се обединети против идејата „премиер Албанец“?

Пишува: Шефкије Аласани На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”. На прв поглед насловот остава впечаток дека се работи за една бомбастична вест. Во овој случај, иако изгледа невозможно, насловот нè тера да поверуваме дека двајцата најголеми политички ривали во македонскиот политички блок ги надминале сите недоразбирања и се обединиле за да не дозволат да има Албанец за премиер. Сите оние што нема да ја прочитаат веста, туку само насловот, стануваат жртви на една класична измама …

Јул 7, 2020

Дискредитација на кандидати за пратеници без воопшто да бидат исконтактирани

Пишува Весна Коловска Рецензираме текст со наслов: „Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!“, со кој голо се пренесува нешто што претходно било напишано на социјалните мрежи, без почитување на новинарските стандарди и проверка на фактите.Во овој случај сајтот пренесува коментар на корисник на Твитер: Ова ли се тие чесни и честити луѓе на Мицкоски, нови луѓе со кои нуди обнова?! Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!!! Докажан криминалец! Кој сака нека честита (извор Твитер). Во прилог на твитот е поставена…

Јул 7, 2020

Еден краток видео клип претставен како ,,целиот здравствениот систем”

Пишува: Соња Рилковска Рецензираме вест објавена на штипската ТВ Стар под наслов „Клип за македонското здравство“. Веста поткрепена со аматерско видео е објавена на Фејсбук страната на ТВ Стар вчера (01 јули) во 17 часот. Уште во самиот наслов авторот се обидува да го критикува здравствениот систем во земјава. Со насловот на објавеното видео, на кое се гледа дека поради дефект медицинските лица гo туркаат амбулантното возило, Тв Стар се подбива и го оцрнува целиот здравствен систем. Веста со која авторот се обидува да се измејува и да го навредува здравството во земјава е опишана само со…

Јул 7, 2020

Партиски лидери се изедначуваат со историски личности?!

Пишува Жаклина Цветковска Рецензираме текст со наслов „Моќна фотографија на даскалите Христијан Мицкоски и Гоце Делчев “. Oбјавената фотографија на лидерот на опозицијата, веднаш до споменикот на Гоце Делчев e направена за време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Повод за овој текст е како што е наведено „моќната фотографија“, која упатува на историското значење на Делчев, но во истиот контекст е ставен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговата порака од митингот дека за Делчев и другите историски личности од Илинденското востание нема преговарање, зашто тие се Македонија….
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top