Јул 9, 2020

Употребата на зборот „македонско“ не е забранета и ова не е причината за затворањето на комплексот „Македонско село“

Пишува: Ардит Рамадани Во еден предизборен процес кандидатите за разни државни позиции имаат тенденција да станат големи патриоти, до тој степен што почнуваат да судат и за „патриотизмот“ на противкандидатите само за да добијат политички поени на грб на популизмот кој го комбинираат со нездрав патриотизам. Па така, кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“ ја „обвинува“ претходната власт за затворањето на комплексот „Македонско село“, алудирајќи на Преспанскиот договор. Вакво нешто не стои во Преспанскиот договор, а ова не го тврди ни поранешниот менаџерски …

Јул 9, 2020

Фотографија од празен штанд искористена за анти-кампања

Пишува: Жаклина Цветковска Текстот со наслов „СДСМ се откажа од граѓаните, поставиле штандови на кои никој не доаѓа“, објавен на порталот vesnik.com, на 27.06.2020 година создава необјективна слика за предизборна кампања во корист на еден политички субјект. Насловот е манипулативен, затоа што ја наведува публиката на заклучок дека СДСМ нема поддршка од гласачите. Ваквата констатација се поткрепува со само една фотографија на која се гледа промотивен штанд на СДСМ, за која порталот вели дека е објавена на социјалните мрежи и дека е од општина Карбинци.Најпроблематичен аспект на фотографија…

Јул 9, 2020

Видео со мигранти искористено да му се префрли на Спасовски

Пишува: Убавка Јаневска Рецензираме текст со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања! Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал. Проблематичниот аспект е во тоа што одговорноста за мигрантите не се бара во институцијата задолжена да го контролира влезот и излезот од државата на странци, туку од техничкиот премиер Спасовски. Уште попроблематично е што написот е искористен за да се напомене дека Спасовски тера кампања, со што се добива впечаток дека тој наместо да врши работи од негови …

Јул 9, 2020

Заев ја посетил градинката во Штип, но не држел митинг

Пишува: Билјана Димко На сајтот „24инфо“ на 28.06.2020 е објавена вест: „Детските градинки се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме“. Текстот е всушност партиско соопштение од ВМРО ДПМНЕ, со кое се тврди дека Заев држел митинг во градинка и ја ,,злоупотребил институцијата каде одат дечиња, во изборна кампања”. Не е направена јасна дистинкција во текстот, односно дистанца меѓу партиското соопштение и новинарскиот производ. Едноставно, соопштението од партијата е прекопирано на порталот интегрално и сместено во рубриката ,,вести” …

Јул 9, 2020

Насер Зибери е (не)партиски кандидат за премиер?

Рецензираната вест е објавена на порталот „Инфомагазин“ со наслов: Што се случува со ДУИ, внукот кандидат за пратеник, а чичкото кандидат за премиер! Освен непрофесионалниот наслов, и содржината на написот не ги исполнува новинарските стандарди. Во првиот пасус пишува дека кандидатот за премиер од страна на Демократската Унија за Интеграција, Насер Зибери, се промовираше како непартиски и како човек надвор од ДУИ, сè со цел оваа партија да придобие од нивната пропаганда за првиот премиер албанец. Но, всушност, Зибери воопшто не е непартиски кандидат. Тој и неговото семејство со години кор…

Јул 9, 2020

Вест со тенденциозен коментар што дезинформира

Пишува. Убавка Јаневска Рецензираме вест со наслов „Фијаското и дебаклот на Филипче и неговата комисија нема крај, денеска 8 починати, нови 163 заразени“, објавена на порталот Република на 8 јули. Во текстот со измешани вест и коментар, се пренесуваат и во исто време се коментираат само статистичките податоци од дневното соопштение на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје, за новозаболени и починати пациенти од коронавирус во државата од 8 јули годинава, но не и податокот на оздравени што е за 67 граѓани повисок од новозаболени. Текстот ја дезинформира јавноста, би…

Јул 9, 2020

Коректна изјава искористена за оцрнување на политички функционер

Пишува: Жаклина Цветковска На порталот infomax.mk објавен е текст со наслов „Лаже кај стигне:Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада“, во кој е пренесена изјава на претседателот на ДПА, дадена во интервју за ТВ 21, во која тој информира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ветил оти доколку дојде до ситуација да формира влада нема да го вкучи во неа досегашниот партнер ДУИ. Авторот ја искористил изјавата на Мендух Тачи и ја ставил во контекст, кој не е соодветен, за да оцрни политички функционер.. Во насловот, новинарот констатира „Лаже кај стигне“, мислејќи на Заев, а пот…

Јул 9, 2020

Сериозни обвинувања од наводна порака без да се исконтактира втората страна

Пишува: Соња Рилковска Рецензирме вест објавена на порталот In7, на 08.07.2020 под наслов „Ако не дојдете на митингот, ние ќе преземеме мерки “- шефот на Кабинетот на Мерко им се заканува на административците“. Во самиот наслов изнесени се експлицитни обвинувања на адреса на шефот на кабинетот на градоначалалникот на Струга, Дашмир Насуфи, без да се побара став од него. Во текстот објавен на порталот, непознатиот автор пишува: Секојдневно се зголемуваат пораки со уцени и разни форми на притисок за учество во партиски активности кон административците и вработени во образованието. Демократ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top