foodball player
Мар 8, 2022
лига шампиони

Мбапе замина за Мадрид

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе замина за Мадрид заедно со останатиот тим на ПСЖ, каде утре ќе се игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.Натпреварот против Реал Мадрид ќе се игра утре на „Сантиаго Бернабеу“, а Мбапе беше под знак прашалник поради повреда.Французинот предвреме го заврши вчерашниот тренинг поради остар старт на Гаје и имаше повреда на глуждот.Постоеше опасност Мбапе да не може да игра против Реал, но според последните информации, тој најверојатно ќе биде во стартниот состав утре.Со тимот на ПСЖ отпатува и Серхио Рамос, кој сигурно ќе го про…

Andreas Trajkovski
Мар 4, 2022
Македонски спортски рекорди

Нов национален рекорд во скок во далечина во сала

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала.Викендов на отвореното првенство во Скиве, Данска, македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за …

Мар 3, 2022
нба лига

Јокиќ го потпишува најголемиот договор

Србинот Никола Јокиќ од Денвер ќе добие нов договор од кој застанува здивот. Од следната сезона, Србинот ќе заработува 241 милион долари за пет години, или 48,2 милиони по сезона.Новиот договор го најави Мишо Ражнатовиќ кој е агент на Јокиќ.Според нашите очекувања, тој договор треба да биде потпишан ова лето, а тоа е продолжување со максимален износ, што очигледно го заслужи – изјави Ражнатовиќ.Јокиќ со евентуален ваков догвор ќе го надмине Јанис Адетокумбо, кој е најплатен со 228.200.000 долари.

Мар 1, 2022
фудбал

Македонските фанови ќе може да патуваат на баражот против Италија

Македонските фанови ќе имаат можност да влезат во Италија и да навиваат за Македонија во баражот за СП против Италија.Италијанската амбасада информираше дека од денес 1-ви март па се до 31-ви март се очекува да заврши вонредната состојба и нема да има ограничувања за влез во земјата.Во Италија ќе може да се влезе со приложување на Европскиот ковид сертификат кој се добива по извршена вакцинација со една од одобрените вакцини од ЕМА. Алтернативно ќе може да се влезе и со прикажување на негативен молекуларен или антигенски тест од кој се ослободени децата под шест години.

Дек 24, 2021
Фудбал

Столе Димитриевски пред трансфер во Барселона

Во пресрет на јануарскиот преоден рок медиумите во Шпанија објавија дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можен трансфер во Барселона.Чуварот на мрежата на Рајо Ваљекано во првиот дел од сезоната брани во одлична форма и е еден од најзаслужните за четвртото место на табелата. Димитриевски е најдобриот голман во лигата со највисок процент на одбранети удари кон неговиот гол. Има одлична година зад себе, не само во дресот на Рајо туку и во репрезентацијата на Македонија. Тој сигурно дека би бил резерва на Тер Штеген, но има квалитет и да биде прв избор на голман…

Авг 2, 2016

Три дена пред отворањето на ОИ во Рио владее хаос

Бразилските власти се борат со големо загадување, а во заливот и на локациите на олимписките борилишта плута отпад, па дури се наоѓаат и лешеви. На спортистите им се закануваат и фекалии. “Скоро секој кој ќе дојде во контакт со водата во заливот може да се зарази, а сигурно ќе заболат оние со послаб имунитет”, изјавил вирологот Фернандо Спиљи. Спрема некои проценки, само три лажички вода би можеле да доведат до инфекции. Организаторите имаат големи проблеми. Покрај загадувањето и вирусот Зика и безбедносните закани се присутни за олимпијците и за самата организација. Три дена до отворањет…

Јул 28, 2016

Англичаните воведуваат големи промени во фудбалот

Екипите кои ќе се пласираат во подоцнежната фаза на FA купот ќе имаат право на четврта замена, објави во среда Англискиот фудбалски сојуз FA. FA одлучи клубовите да имаат право на четврта замена која ќе можат да ја користат во четвртфиналето, полуфиналето и финалето на FA купот. Овој формат прв пат е користен оваа година на Копа Америка. “Одлучивме да воведеме четврта замена за да го направиме натпреварувањето поинтересно. Освен тоа, од технички аспект ќе биде интересно да се види како тренерите ќе ја користат приликата да воведат уште еден играч и како тоа ќе влијае на конечниот резултат…

Јул 25, 2016

Настапот на руските спортисти на Олимписките игри неизвесен

Меѓународниот олимписки одбор (МОО) одлучи да не ги дисквалификува сите руски спортисти од претстоечките Олимписки игри во Рио де Жанеиро, а засега се знае само за руските атлетичари дека со сигурност нема да настапат на ОИ.   МОО одлучи дека Русите можат да настапуваат, но тоа не значи дека и ќе се случи. Имено, конечната одлука за нивниот настап ќе ја носат поединечно светските организации во сите спортови поединечно во кои Русите се натпреваруваат, како што го направи светската организација во атлетика (IAAF) која ги исфрли руските атлетичари од игрите. Меѓутоа, МОО донесе одлука сите …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top