Три дена пред отворањето на ОИ во Рио владее хаос

Австралиските олимпијци заминале од Олимпиското село

 |  инфодеск  | 

Бразилските власти се борат со големо загадување, а во заливот и на локациите на олимписките борилишта плута отпад, па дури се наоѓаат и лешеви. На спортистите им се закануваат и фекалии. “Скоро секој кој ќе дојде во контакт со водата во заливот може да се зарази, а сигурно ќе заболат оние со послаб имунитет”, изјавил вирологот Фернандо Спиљи. Спрема некои проценки, само три лажички вода би можеле да доведат до инфекции.

Организаторите имаат големи проблеми. Покрај загадувањето и вирусот Зика и безбедносните закани се присутни за олимпијците и за самата организација.

Три дена до отворањето на игрите, а некои борилишта сеуште не се спремни. Проблем е и смештајот поради кој австралиските олимпијци заминале од Олимпиското село поради проблем со електричните и гасни инсталации, како и со санитарните јазли.

Огромните бранови ја оштетија инфраструктурата за едриличарите и телевизиското студио на Копакабана.

“На ова место тоа се случува често. Ја одбраа најлошата можна локација”, изјавил инженерот Серхио Контихио.

Што се однесува на безбедносната состојба и таа не е поволна. Властите се припремаат со месеци, а Олимпијците ќе ги чува војската и полицијата.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top