Post Views: 1
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски информира дека работат на решавање на проблемите во спортот. Покрај тоа што создаваат услови за тренирање и постигнување резултати на спортистите, ќе ги решаваат наталожените децениски проблеми. Во престојниов период приоритет им е средување на состојбите во Пливачката Федерација. Во моментов, напоменува дека таму е хаотична ситуацијата која негативно се рефлектира врз работата на пливачките школи.
„Има големи проблеми во пливачката федерација. Повеќето пливачки федерации кои ги имаме си влечат секоја на своја...
Post Views: 12
Презентирани возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија и Министерството за Локална Самоуправа, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот Клуб Патагонија од Охрид.
Сашо Точков, претседателот на Црвен крст Охрид, во чии рамки функционира Плананинската спасителна служба напомена дека со функционирањето на модерниот...
Post Views: 11
Современ опремен кабинет по практична настава добија учениците и професорите од регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“. Финансиските средства се обезбедени од проектот од Локалната и регионална конкурентност од Светска банка и од општина Охрид. На почетокот од второто полугодие од учебната година е ставена во функција новата работна просторија која ќе придонесе во подигнување на квалитетот на наставата, информира Марјан Радески, директор на регионалното стручно училиште.
„Со прераснување на училиштето во регионален центар се подобрува квалитетот...
Post Views: 3
Во Охрид има 52 кладилници и обложувалници.Три охридски трговски друштва имаат регистрирано дејност коцкање и обложување, а дури 49 фирми надвор од Охрид имаат отворено коцкарници и обложувалници како свои подружници во Охрид според податоците од Централен регистер. Како што од ден на ден се повеќе расте нивниот број во градот како спортски кладилници, слот апарати, рулет апрати и коцкарници паралелно е во пораст и бројот на граѓани кои се навлекуваат на разни видови коцкање и обложување. Коцкањето како облик на зависност не ги заобиколува и адолесцентите. Затоа е многу...
Post Views: 15
Граѓаните кои живеат во населбите Бараки и Видобишта бараат подобрување на комуналната инфраструктура на улиците „Момчило Јорданоски“ и „Марко Цепенков“. Во рубриката „Ти си твојот град“, жители од овој дел на Охрид укажуваат на неколку потреби како што се поставување на покриени автобуски постојки на градската линија која минува низ тој дел, клупи за одмор, успорувачи на брзина на коловозните ленти и обновување на искршените дрвца на дрворедот на улицата Момчило Јорданоски.
Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски информира дека деновиве ЈП Комуналец ќе засади...
Post Views: 3
Во пандемичната 2020 година, 352 парови од Охрид заснивале брачна заедница и го кажале судбоносното „да“. Во општина Дебрца пак, се регистрирале 16 брачни заедници. Во истата година, во матичната книга на родени се евидентирани 509 новороденчиња во општина Охрид, а само 5 новороденчиња во општина Дебрца.
Според евиденцијата на матичната книги на умрени, 848 охриѓани починале во 2020, а во општина Дебрца 75 лица. Епидемијата со Ковид 19 го намали бројот на склучени граѓански бракови и наталитетот во Охрид во минатата година, покажува евиденцијата на матичната книга на...
Post Views: 4
Заврши тендерската постапка за набавка на специјално товарно возило за подигање отпад од подземни контејнери. Станува збор за возило со хидраулика, со кука кое ќе го подига садот, ќе го празни во камионот и ќе ја враќа вреќата назад. Локалната самоуправа за негово купување одобри 1 милион денари, a ќе биде наменето за потребите на ЈП Охридски комуналец,информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП.
„Согласно тендерската постапка рокот на доставување на камионот е 40 дена. Постапката е при самиот крај. Ние сме во контакт со општината и како оди постапката за поставување на...
Post Views: 1
Микробиолошки е исправна и не е загадена со бактерии водата за пиење од струшкиот градски водовод, покажаа денешните резултати од анализите на земените примероци вода . Во информацијата од охридскиот центар за јавно здравје стои дека стружани може да ја користат водата како здравствено исправна за пиење, во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце, во производсто и промет на прехрамбени производи. Во изминатите денови стружани не смееа да ја употребуваат водата за пиење заради констатирана поголема заматеност од дозволеното според Правилникот за безбедност...
Post Views: 0
Повеќе не важи впишувања на казнени негативни поени за возачите кои ќе направат сообраќаен прекршок. Возачите ќе плаќаат парична казна наместо досегашната можност казната да ја заменат со негативни поени за сообраќен престап и загрозување на сообраќајната безбедност. На сила стапија измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Возачите кои ќе ја пречекорат дозволената брзина на патот ќе се соочат покрај со плаќање на парични казна и со одземање на возилата. Соња Шикалоска, сообраќаен инжинер и автоинструктор, за овие измени има свое видување за ефектот кој треба да...
Post Views: 2
Инвестиции во подобра спортска инфраструктута за ова година најавуваат од Агенцијата за млади и спорт. Планираат повеќе проекти во подобрување на условите за тренирање во спортските објекти во земјава. Меѓу спортските центри каде што ќе се инвестира е и охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира спорската сала Билјанини извори да се затоплува. Со инвестирање во енергетска ефикасност на спортските објекти во земјава, спортистите и публиката нема веќе да мрзнат, вели Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.
„Кај нас салите не се загреваат. Моја заложба...
Post Views: 7
По втор пат со протестен марш стружани порачаа дека им е доста од загадувањето од дивата депонија која повторно гори. Принудени сме на овој потег затоа што досега никој од надлежните органи не понуди конкретно решение , истакна Глигор Ќатоски претставник на граѓанската иницијатива „Доста“. Во понеделникот доставиле конкретни барања до новата влада и до локалната самоуправа итно да се спречи понатамошното труење на стружани.
„ Бараме веднаш да се преземе работна акција за целосно гаснење на депонијата, внатре и надвор. До владата поднесовме барање под итно да се свика...
Post Views: 2
Поставена е модуларната болница во дворот на охридската Општа болница. Новата болница има површина од 1.000 м2 и 40 легла за пациенти. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн“ од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациона мрежа и се спроведоа приклучоци за...