Post Views: 1
Михаил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник на Охрид од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ). Кандидатурата на Трендафилов беше претставена денеска во локалниот клуб на партијата. Михаил Трендафилов во своето обраќање меѓу другото рече дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчеливата согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“-...
Post Views: 0
Охриѓани ја одбележаа 111 годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. Се положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на неговата родна куќа, а се одржа историски час за охридските основци во охридскиот Државен Историски архив. Славица Јанковска, раководител на Историскиот архив во Охрид зборуваше за ликот и делото на охридскиот револуционер кој се школувал во Солун и се приклучил на револуционерното движење за ослободување на Македонија од Османлиското ропство.
„Марко Бошнаков е еден од охридските напредни сили кој се приклучил на гемиџиите. Целта на нивното дејствување...
Post Views: 1
Во охридското здравство измените во закажување на Мој тремин се одвиваат без проблеми. Неколку дена веќе се применуваат измените , а охридските матични лекари пишуваат упати според најновите измени. Иако, вчера имало одредени недоумици при издавањето на упатите денес нема јавувања од докторите, за ТВМ Телевизија инфомира д-р Љупчо Костоски Прет. на здруженеи на ПМЛ .
„ Денеска функционираме нормално, вчера имаше некои проблеми, но беа надминати со надградба во ноќните часови од софтверската куќа, а дизајнот на уаптите е прашање на вкус. Секоја новина треба да преспие,...
Post Views: 7
Македонија се почесто се рангира меѓу земјите со најголемо еколошко загадување што им паѓа тешко на еколошки освестените граѓани и производители на храна. Охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски е меѓу ретките земјоделци кој се бори за надминување на загрижувачките состојби со деградирање на животната средина. Нагласува дека на глобално ниво 70 посто од загадувањето на животната средина се должи од неадекватните техники во земјоделието. Нашата земја е на уште пониско ниво од европските проценки, вели разочарано Стојаноски, а земјоделците и наделжните институции замижуваат...
Post Views: 7
РЕ Водовод од Проаква преговара со месни заедници за превземање на селските водоводи под нивна надлежност. Целта е правилен третман на водата за пиење според Правилникот за безбедност на водата што недостасува со децении во повеќе охридски села. Водоснабдувањето во селата е градено со месен самопридонес на жителите кои сега не се согласуваат да плаќаат иста цена за потрошена кубикажа вода како жителите од градот.
„ Факт е дека водоводот е направен со сопствени средства од мештаните но уште е поголем фактот што законската постапка е управување со водните ресурси на водоводните...
Post Views: 0
Фудбалот и кошарката се најчестите спортови со кои охриѓани се рекреираат на спортските терени. Од СРЦ Билјанини извори кажуваат дека прават се вратите на спортскиот центар да бидат отворени и за спортистите и за граѓаните. Љубителите на спортот тука може не само да уживаат на спортските настани туку и да спортуваат, информира Гордана Јованоска директор на СРЦ Билјанини извори. Во таа насока се организира и во престојната пролетна сезона фудбалскиот бизнис турнир.
„ Во бизнис лигата може да пријават сите фирми кои имаат вработени љубители на фудбалот. Запишувањето е...
Post Views: 4
Во охридскиот регион расте бројот на млади луѓе кои бараат егзистенција во пчеларењето. И додека расте интересот на младите пчелари за одгледување пчели од година в година опаѓаат приносите на мед, вели Ицко Китанчев од охридското здружение на пчелари. Тој со неговото богато искуство и знаење кажува дека пчелите постојано претрпуваат стрес од разни фактори кои доведуваат до нивно угинување и намалување на приносите. Загадувањето на воздухот, водата и почвата преку употреба на пестициди и инсектициди, подигање на телекомуникациските предаватели, увозот на восок со лош...
Post Views: 3
СРЦ Билјанини извори набави висечки кошеви. Со сопствени средства во висина од 700.000 денари се обезбедени 2 нови кошеви со цел да се заштити реновираниот паркет во спортската сала, информира Гордана Јованоска директор на СЦР Билјанини извори.
„ Висечките кошеви се монтирани и се со сертификати таблата и обрачите се од Елан, набавени се по сите стандарди да се играат кошаркарските натпревари од понизок ранг. Кошевите се оргинални за одигрување на европските првенства, но се стари 2 децении и е потребно нивно сервисирање од хидраулика и електроника да се реновираат “,...
Post Views: 0
Дадени се национални цели за намалување на домашниот отпад кој завршува на депониите на долгорочен период во периодот 2025 -2030 година. Отпадните гуми, текстилот, отпадните масла и пластиката е предвидено со новиот Законот за управување со отпад и отпад од пакувања да се селектираат во секое домаќинство, напоменува екологот Ѓоко Зороски. Потсетува дека во развиениот свет отпадот е секундарна суровина и влегува во процесот на производство, а кај нас отпадот е ѓубре и се согорува.
Наместо 30 посто од целкупниот создаден отпад од домаќинството да заврши на депониите најчесто...
Post Views: 6
Еколозите од Охрид СОС повикуваат надлежните институции да го запрат криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро. За само десетина дена во два наврати е запалена трската на Охридското Езеро на патот Струга – Калишта , а надлежните институции молчат и на општинско и на државно ниво. Палењето трски на заштитено подрачје е кривично дело, потсетуваат активистите од Охрид СОС . Бараат одговорност од соодветните институции за, како што велат, екоцидот што се случува на струшкиот дел од крајбрежјето. На потегот Калишта Струга со приближување на летната сезона почнува да...
Post Views: 5
Предводејќи ја локалната и централната власт, СДСМ докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики и реализира значајни проекти за подобра иднина за Охрид, истакна на денешната прес конференција Науме Јованоски, носителот на советничката листа од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Благодарение на ангажманот на градоначалникот Константин Георгиески, реконструирани се и асфалтирани значајни градски сообраќајници и значително се подобрени условите за безбеден сообраќај, кажа Јованоски потсетувајќи на зафатите во делот на инфраструктурата...
Post Views: 7
Еколозите и граѓанските активисти од СТРуга бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Тие испратиле писмо до премиерот загрижени за инертноста на иституциите во конечното решавање на проблемот со дивата депонија на влезот од градот. Тие потсетуваат дека и по една и пол година од одлуката на Владата за итно решавање на проблемот нема конкретни резултати. Глигорие Ќатоски од граѓанското движење „Доста е“ , предлага вклучување на премиерот за да се реши овој мошне сериозен еколошки проблем за Струга .
„Во врска со проблемот со транспортот на отпадот до регионалната депонија...