Проаква преговара со неколку месни заедници за преземање на селските водоводи

Водоснабдувањето во селата е градено со месен самопридонес на жителите кои сега не се согласуваат да плаќаат иста цена како жителите од градот. Од Центарот за јавно здравје апелираат час поскоро водоводите да се препуштаат на стручно управување за да престане конзумирање небезбедна вода.

 |  Валентина Неловска  | 

РЕ Водовод од Проаква преговара со месни заедници за превземање на селските водоводи под нивна надлежност. Целта е правилен третман на водата за пиење според Правилникот за безбедност на водата што недостасува со децении во повеќе охридски села. Водоснабдувањето во селата е градено со месен самопридонес на жителите кои сега не се согласуваат да плаќаат иста цена за потрошена кубикажа вода како жителите од градот.

„ Факт е дека водоводот е направен со сопствени средства од мештаните но уште е поголем фактот што законската постапка е управување со водните ресурси на водоводните претпријатија кои стопанисуваат со вода. Верувам дека ќе најдеме заеднички јазик, договараме и преговараме. Проблем е што тие не сакаат да плаќаат сметки како корисниците во градот“, вели Алексијоски.

Горан Ангелоски претседател на месната заедница од селото Куратица посакува час поскоро да се најде решение за селскиот водовод и наоѓање заеднички јазик со Проаква. По средбата со претставници на Проаква изготвиле список на домаќинствата и очекуваат нова средба. Додаваат дека Проаква нема да има големи инвестиции бидејќи немаат тие немаат долгови има пумпи и водоводот е во добра кондиција. Се надеваат дека ќе се договораат и околу цената за плаќање по кубик потрошена вода.

Од ЦЈЗ апелираат до луѓето кои сега управуваат со селските водоводи да постапат согласно практиките и процедурите за работа со водоводите. Со децении нагласуваат дека жителите од слеките водови конзумираат небезбедна вода за пиење, а нивните анализи свесно ги игнорираат.

„Заради ниската свест на луѓето кои ја конзумираат водата ние им укажуваме дека има железо во водата или бактерии и не е во ред да се пие. Да цитирам, велат :„ Ние сме навикнати, нашите стомаци, ништо не ни е немаме проблем. Тоа никаде го нема. Да се пие вода со патогени бактерии е нон сенс се работи контра здравјето потоа се чудиме зошто има болести. Се има свои последици“, посочува Сашо Точков директор на охридскиот ЦЈЗ.

Од Проаква посочуваат дека се прават разговори за преземање на водовите од месните заедници во селата Косел и Речица. Во Речица нема селски водовод но од Проаква се подготвена да изградат водовод , се чека одлука од Советот на општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top