Post Views: 3
129 правни и физички лица чекаат на обештетување од државата по претрпените штети кое ги предизвика силниот ветар со брзина од 100 км/час, високите бранови и обилните дождови во март 2018 година. До општинската комисија за проценка на штети пристигнале 109 барања од физички лица, а останатите се од правни лица. Сопствениците на платформи кои претрпеа штети од силното невреме дел од штетите надоместиле со сопствени средства, но очекуваат и помош од држвата.
„ Јас очекувам дека ќе го реши и општината и Републиката, Владата. Имаме други лоши искуства, но се надевам дека...
Post Views: 0
На Меѓународниот Ден на трудот 80-тина охридски синдикалци беа дел од денешниот марш во Скопје. Македонските синдикалци под мотото Нашиот глас – гласот на работниците, “Не може да се одлучува за нас, без нас” испорачаа барања до Владата. Стевчо Маслов, секретар на подрачната канцеларија на ССМ Охрид, напоменува дека бараат ефикасна и брза реализација на работничките права наведени во манифестот кој го доставија до премиерот и министрите за финансии и труд и социјална политика.
„ Договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго...
Post Views: 4
По катастрофалниот пораз во првиот изборен круг во Охрид, фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако, кажа денеска на прес конференција, Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески. Тој се осврна на повеќе моменти од досегашната кампања и обвинувања од страна на политичките опоненти. На критиката дека раздолжувањето на општината не било по заслуга на општината туку со пари од народот Георгиески со одговор до неговиот противкандидат Милошевски.
„ Да, точно е дека тоа се народни пари. Сите пари се народни Митре....
Post Views: 7
За СДСМ и Константин Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори затоа што откако ќе дојдат на власт забораваат на дадените ветувања, обвини Сашо Донев од говорницата на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција.
„Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните. Улиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму се во...
Post Views: 2
Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на прес конференција денеска се осврна на заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид, како дел од изборната програма За убав град. Милошевски најави проекти меѓу кои и поставување на типизирани тезги.
„ Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации...
Post Views: 1
Субвенционирањето на државата во туризмот дава позитивни ефектки во последните 10 -тина години. Се пополнуваат сместувачките капцитети и во хотелите и во приватното сместување. Иако хотелиерите и угостителите се задоволни сепак посакуваат на охридската ривиера и гости со подлабок џеб.
„ Прилив на повисока класа на гости, но тоа зависи од околината, од хигиената, добрата патна инфраструктура, паркови и зеленило, искористување на водниот сообраќај се во насока на зголемување на бројот на квалитетните гости. Сите тие работи од година в година се подобруваат, па дури и хотелите...
Post Views: 1
Доколку по утрото се познава денот, а по посетеноста на гостите за Велигденските празници тогаш угостителите од охридско – струшкото крајбрежје може да бидат задоволни. Не очекува одлична туристичка сезона, информира задоволно Крсте Блажески претседателот на Хотам. Блажески додава, заинтересираните тешко доаѓаат до празно место, капацитетите се полни.
„ Имаме гости од Грција ,како поголема бројка, нешто има и домашни туристи. Има гости и од околните земји, од Албанија, Бугарија, Србија, но имаме и гости од Израел. Кружни тури од Турција кои се поклопија со празниците“,...
Post Views: 15
На охридскиот плоштад Крушевска Република се одржа традиционалниот Велигденски базар.По шести пат пред големиот христијански празник Велигден се одржува манифестација на која може да се почустуваат духот на традицијата и обичаите од охридското поднебје поврзани со прославата на овој празник.
За овогодишната организација на Велигденскиот базар се погрижи ЈП „ Градски пазар“, а со поддршка на Локалната самоуправа. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески беше во обиколка на големиот број штандови каде што беа изложени изработки од охридски занаетчии и сувенири од охридските...
Post Views: 0
Основното училиште „Христо Узунов “ го одбележа патрониот празник и 114 години од херојската смрт на охридскиот војвода. Како што се гордееме со животот и делото на нашиот патрон Узунов така сме горди и на успесите кои ги постигнуваат нашите ученици под раководство на нивните ментори , нашиот наставен кадар, вели по тој повод Оливија Пирузева Јанева директор на ова ОУ.
„ Не само во минатата година туку скоро 44 децении , колку што постои нашето училиште. Продолжуваме во континуитет со нашите успеси, пред се со успесите на нашите ученици и наставниците, она што е наша...
Post Views: 0
Трето место од стручното жири за охридскиот бербер Неат Алим Шогун на „ Саемот за мода, фризура и убавина 2019 што се одржа во Скопје. Охриѓанецот Неат Алим познат и како Шогун, по името на неговиот салон, постигна уште еден успех во категоријата машко потстрижување во силна конкуренција од 54 машки фризери. Шогун не го крие задоволството од големиот успех и открива кој е клучот на професионалниот успех.
„ Клуч на успехот е да се посветиш на занаетот, да ја сакаш својата работа. Секој кој има желба може да стане добар фризер, бербер. Ние како бербери ги пратиме светските...
Post Views: 2
Вакциналните служби ја започнаа реализацијата на наредбата од Министерството за здравство за спречување на епидемијата од морбили која е прогласена во земјава. Се прават проверки во вакциналните картони во службата за вакцинации , но и теренски активности во охридските основни училишта за учениците до 14 години, информира д-р Соња Мариноска,раководител на службата за вакцинации. Денес, вакциналниот тим беше на терен во ОУ„ СВ Климент Охридски“ каде што проверките протекоа во најдобар ред, а за тоа приодонес имаа директорот на училиштето Наташа Танеска и родителите. Имунизацијата...
Post Views: 0
Пчелите се помалку ги има во овоштарниците во фаза на цветање и опрашување на дрвата. Одгледувачите на пчели постојано се соочуваат со грижи за опстанокот на пчелите. Сега стравуваат за безбедноста на пчелните семејства по сознанието дека на македонскиот пазар годинава го нема инсектицидот Маврик. Овој хемиски препарат не е штетен за пчелите за разлика од други видови на инсектициди кои ги користат овоштарите во фаза на цутење на овошките. Пчеларите, стравуваат доколку овоштарите применат други препарати може да доведат до помасовно угинување и ќе го загрозат опстанокот...