Автор: Валентина Неловска

Стружани и гостите ќе ја дочекаат Нова година без организиран дочек на отворено

Post Views: 7 Стружани и туристите кои ќе престојуваат на ривиерата и оваа година ќе ја дочекаат новата година во сопствена организација. Најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаат во домовите, во хотелите и рестораните. Градот нема да организира дочек на отворено. Струшкиот градоначалник Размиз Мерко вели дека тоа пред се се должи на пролонгираните локални избори. „Нема време. Пред месец дена Советот ги изгласа одлуките за пречек на новата година и нема доволно време добро да се организира. Но битно е закитувањето на градот за да внесе позитивна атмосфера“, напоменува Мерко. Градоначалникот...

Continue reading

Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник

Post Views: 0 Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори. „ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко. Противкандидатот за градоначалник Зијадин...

Continue reading

„Не сечете ги дрвата“, порачаа екоактивисти за сечењето на дрворедот на Македонски Просветители

Post Views: 12 Екоактивисти упатија порака „Не сечете ги дрвјата“, за сечата на дрворедот на булеварот Македонски Просветители. Се собраа пред општинската зграда за да го искажат незадоволството со мирен протест и со транспаренти за сечата на липите и костените поради реконструкција на улицата.  Избран е погрешен начин за модернизација на улицата со кој проект треба да се исечат шеесеттина дрвја, стари по неколку децении, од двете страни на сообраќајницата, кажа Симон Карашов. Го поздравуваме проектот, но начинот е погрешен. Апсолутно сме сигурни, ова не е прв пат вакво нешто да...

Continue reading

Македонците вложиле над 4 милиони евра во здравствено осигурување

Post Views: 9 Пандемијата со ковид 19 ја зголеми побарувачката на здравствено осигурување во земјава. Купувачката на полиси бележи раст минатата година во споредба со претходната.Бројот на осигуреници кои купиле здравствено осигурување во време на пандемија пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, информира Никола Стојанов, советник во Агенцијата за супервизија на осигурување. „Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица“. Во полиси...

Continue reading

Голема е побарувачката за социјални станови во Охрид

Post Views: 51 Охриѓани кои се во социјален ризик ќе чекаат изградба на социјални станови следната година. Во Охрид годинава нема изградба на вакви станови иако е голем интересот на граѓаните кои бараат помош од државата за да го решат станбеното прашање, информира Благоја Грозданоски, раководител на охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата. Напоменува дека градот засега е ставен на листата на чекање за изградба на социјални станови. Социјални станови бараат самохрани родители, луѓе со ниски примања или без...

Continue reading

Расте бројот на спасувачките интервенции и асистенции на регионалната Планинска спасителна служба

Post Views: 7 Регионалната Планинска спасителна служба интервенирала во 4 спасителни акциии и 7 асистенции од почетокот на годинава. Спасителите интервенираат во ризични ситуации и чекаат конкретна финансиска помош од 5те општини од регионов со кои, со исклучок на општина Ресен, имаат потпишано Меморандум за соработка веќе година и пол. Не станува збор за вработувања на кадри од ПСС туку за тековни трошоци, за набавка на скапата потрошна опрема и вработување на 5 до 6 луѓе кои треба да го одржуваат во функција целиот систем, информира Антонио Додевски од ПСС. Од Планинската спасителна...

Continue reading

Проектната документација за изградба на катна гаража отстапува од Планот за управување со светското природно и културно наследство

Post Views: 0 Планската документација за проектот за изградба на катната гаража во Охрид е првиот објект од јавен интерес на градот кој има отстапување од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Проектот за изградбата на катната гаража е завршен уште пред да се донесат измените во новиот план, информира градоначалникот Константин Георгиески за текот на изготвувањњто на проектната документација за овој важен објект за градот. „Согласно планот за Управување сега висината на објектот е П + 2, а со изводот од планот тука имаме катна гаража...

Continue reading

Македонските туристички водичи испорачаа барања до Владата

Post Views: 6 Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија неколку барања до владата за да се подобри нивниот статус. Од почетокот на пандемијата се наоѓаат во тешка економска состојба, а во 5 сет екомски мерки се изоставени од помош на државата. Вклучени беа во 4 пакет економски мерки за помош, а сега прашуваат според кои критериуми туристичките водичи не се опфатени во новиот сет економски мерки. Туристичките водичи испорачаа барања до ресорното Министерство и владата да го решат нивниот статус. Да се донесат протоколи за работа во нивната дејност и Министерството...

Continue reading

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Post Views: 1 Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот биодиверзитет,...

Continue reading

Трета година по ред нема вештачки мрест на Охридската пастрмка

Post Views: 9 Охридската пастрмка е во се поголема опасност од истребување. Се повеќе се влошува нејзиниот и онака загрозен статус, предупредуваат од ЈНУ „Хидробилошки завод“ – Охрид. Три години по ред, од 2019, 2020 и 2021 година нема вештачки мрест на ендемичниот вид риба во Хидробилошкиот завод, информира м-р Зоран Спиркоски од одделението за практично рибарство и аквакултура. Спиркоски вели дека е жално административни пречки да се причина да се загрози опстанокот на пастрмката како ендемичен вид. „Ваквиот недостаток на порибување 3 години неминовно ќе значи влошување на...

Continue reading

Бесплатна лекарска грижа добиле 400 пациенти со проектот „Cross4all“

Post Views: 5 Медицински тимови даваат бесплатни здравствени услуги за граѓани на кои им е отежнат пристапот до здравствените установи во рамките на проектот „Cross4all“. Носител на проектот „Cross4all“ е Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а се имплементира заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и Општинската организација на Црвен крст. Во време на пандемија прегледани се 400 пациенти од месец декември до сега, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК, за досегашите позитивни искуства од реализацијата на проектот „Cross4all. „Се...

Continue reading

Охриѓани повнимателни оваа зима, помалку скршеници здобиле од лизгање на мраз

Post Views: 22 Непречено функционираат тимовите на Итната медицинска помош во овие зимски денови, информира д-р Љупка Николоска, раководител на Итната медицинска помош. Медицинските екипи од брза помош интервенирале на неколку сообраќајни несреќи кои се случиле во околината на Охрид и Дебрца во изминативе денови, згрижувале повредени како резултат на лизгање на мраз, пружиле помош и на повици од хронични болни. За среќа, кај охриѓани се забележува намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз оваа зима ама има повеќе повици од хроничните болни. „Има повеќе повици од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top