Автор: Валентина Неловска

Улиците и патиштата чисти по снежните врнежи во охридско

Post Views: 14 Охриѓани имаат чисти улици и тротоари после синоќешните снежни врнежи. „Охридски Комуналец“ обезбеди чисти улици од снегот во централното градско подрачје, приградските населби и повисоките населени места според Порграмата за зимско одржување. Синоќа биле исчистени приодите и до институциите, училиштата и градинките. Утрово, пак биле исчистени школските дворови. Директорот Сашо Најдески е задоволен од справувањето со синоќешните снежни врнежи. Напоменува дека биле ангажирани 92-ца вработени од нивното комунално претпријатие, како и вработени од другите јавни претпријатија,...

Continue reading

Пандемијата удри врз работата на книжарниците

Post Views: 5 „Издавачките куќи, книжарниците и печатниците поради пандемијата се наоѓаат во економска криза. Пандемијата силно не погоди“, се огласи Конзорциумот на издавачки куќи, книжарници и печатници. Апелираат до Министерството за култура и Владата да се погрижат за книжарниците и книжарите. „Книжарството кај нас со години беше во криза, преживуваше и не се развиваше и напредуваше (со ретки исклучоци кога материјалната поддршка беше добиена од државни извори), па сега книжарниците се наоѓаат во катастрофална положба, пред колапс и трајно бришење од регистарот на трговски фирми...

Continue reading

Снегот остави без струја повеќе планински села во Дебрца и Струга

Post Views: 3 Голем број планински села во охридско струшкиот регион и понатаму без електрична енерија по снегот и дождот кои наврнаа викендов и предизвикаа проблеми со напојувањето во југозападниот регион. Најдолго без струја останаа селата во Горна Дебрца, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец, Турје и Сливово, информираат од Центарот за управување со кризи. Од Евн Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат во многу лоши временски услови и непристапен терен. Во моментот работат на санација на дефект на 10 кВ далекoвод и очекуваат да се нормализира...

Continue reading

Две деца од Македoнија чекаат лек за нивната ретка болест

Post Views: 2 „Тешко е да си лекар на пациенти со ретки болести, а истовремено и да си родител кој сака да направи се за своето дете, а јас сум и во двете улоги“, вели д-р Нора Абази Емини од Детската клиника во Скопје. Таа како лекар и родител апелира да се олесни процедурата за пристап кон лековите кои носат надеж за пациентите и нивните семејства. Во моментов отпочната е процедура до Министерството за здравство за да се набави лек за две деца, брат и сестра, кај кои е дијагностицирана ретка болест. Еден на 100.000 луѓе е некој што има ултра ретко заболување на ниво на државата...

Continue reading

Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Post Views: 5 Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето. „ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања....

Continue reading

Договорени мерки за одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови во Охрид

Post Views: 11 Охридската Локална самоуправа и надлежните институци одржаа состанок и договорија мерки за одржување на проодност на патиштата во зимски услови. Општинските служби, СВР Охрид, надлежните јавни претпријатија, Центарот за управување со кризи, инспекциските служби на територија на општина Охрид координирано ќе работат за елиминирање на забележаните проблеми на сите локални, регионални и магистрални патишта. Со заедничка соработка ќе делуваат да нема застој и несреќи во сообраќајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.     Задолжени се лица за меѓусебен контакт...

Continue reading

Европските елени сe враќаат на планината Галичица

Post Views: 1 Европските елени стануваат украс на планината Галичица. Се зголемува нивниот број во репродуктивниот центар на ЈУ Национален парк „Галичица“. Популацијата на елени достигна бројност од преку 60 единки каде што се наоѓа првиот репродуктивен центар во Националниот парк на локалитетот „Косто бачило“. Во 2018 година беа донесени 30 елени, од кои 6 беа мажјаци и 24 женски елени, а стадото успешно се прилагоди и постојано се зголемува, информира Андон Бојаџи од ЈУ НП Галичица. Годинава планираме да ослободуваме единки од репродуктивниот центар во дивина. Се надеваме дека...

Continue reading

Охрид се попривлечен за Молдавските туристи

Post Views: 9 Зголемено присуство на Молдавски туристи се очекува во 2022 година на охридското крајбрежје. Од туристичкиот сектор очекуваат покрај туристите од Руската Федерација, Полска и Украина да се зголемат посетите на туристи и од Молдавија. Заинтересираноста на овие туристи за посета на нашето крајбрежје се потврдува со посетата на 15 тур-оператори од Молдавија. Тие се сретнаа со Македонски претставници од туристичкиот сектор и се надевам дека хотелиерите и тур-операторите ќе воспостават соработка и конкретни договори, рече Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција...

Continue reading

Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име. Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година...

Continue reading

Охридската гимназија го одбележа патрониот празник Св. Климент Охридски

Post Views: 3 Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.  Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги...

Continue reading

Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година

Post Views: 12 Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата  на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра. Советникот од ВМРО НП, Ванчо...

Continue reading

Задоцнето е замрзнувањето на цените

Post Views: 8 Во трговијата на големо и мало се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи со одлука на Владата. Нема да се менуваат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата во текот на два месеци почнувајќи од први декември до крајот на јануари. Ги прашавме охриѓани како  оваа одлука ќе се одрази на семејниот буџет и дали може порелаксирано да ги дочекаат престојните празници. Охриѓани не се многу воодушевени од владината одлука...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top