Post Views: 6
Во маркетите и продавниците на мало почнаа да се користат платежните картички од владината мерка за олеснување на корона кризата. Маркетите од брендот МИСА веќе го прилагодија изложувањето на артиклите од домашно производство за полесно пазарување на корисниците на овие картички. Во употреба картичките „Купувам домашно“ се пуштени веќе една недела информира Александра Ничоска, од маркетот Миса Охрид.
„Имаме на сите сталажи одредени производи обележени се со македонско знаменце, купувај домашно. Има се од сувомеснато, прозиводи од месарата, готова храна. Не е дозовлено...
Post Views: 8
Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски.
„На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите...
Post Views: 0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска беше во работна посета на Охридскиот регион. Оствари средба со дел од производителите на цреши. Во последниве три години има континуирано зголемување на површините со цреши за 23 отсто и зголемување на бројот на баратели за субвенции за цреши, кој е зголемен за скоро 30 отсто. Министерот Димковски посочи дека „охридската цреша“ од 2017 година е првиот регистриран назив со заштитена географска ознака.
„Ние како земја имаме многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети...
Post Views: 3
Охридските и струшките пациенти кои прележале Ковид 19, а сакаат да спасат нечиј живот со дарување крвна плазма може да се пријават во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и на трансфузиолошките центри низ државата, инфромира д-р мед. сци. супспецијалист Рада Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот. Секој ден имаме се поголем број на заразени со ковид 19, а крводрувањето на конвалесцентна плазма нема да им наштети на донорите, вели д-р Грубовиќ Растворцева
„Би ги поканила да се пријават во нашите трансфузиолошки центри. Најдобро е преку меил, тие доаѓаат...
Post Views: 1
Познати се протоколите според кои од понеделник хотелите треба да започнат со работа. За обезбедување што поголем степен на заштита на гостите забрзано се подготвуваме за да ги примениме новите процедури во работата до 22 јуни. Се надеваме на позитивен ефект во работењето, вели Јован Китрозоски од хотел Силекс.
„Некој период никој од угостителските објекти не работиме и немаме никакви приходи. Овие мерки ќе допринесат за зголемување на трошоците, што се вели, уште не почнати со работа. Но ние ќе се потрудиме се да се примени заради здравјето на гостите. Се надевам дека...
Post Views: 8
Децата од прво до девето одделение добиваат можност да учествуваат на награден конкурс на еко тема. Во услови на пандемија со Корона вирусот, лиценцираната компанија Нула Отпад за собирање електричен отпад, он лајн ја продолжува започната едукативна мисија за подигање на еколошката свест кај најмалите, а која во претходниот период наиде на одличен прием, информира Билјана Костадинова од Нула Отпад.
„Дигиталната едукативна кампања е наменета да им овозможиме ангажман на децата кога се послободни заедно со родителите да го искористат времето на креативен начин и интересен...
Post Views: 3
По допрен глас ОЈО Охрид оформил предмет против непознат сторител за случајот со семејна прослава во Охрид од кој произлезе кластер на заболени со ковид 19. Од јавното обвинителство информираат дека работат на истрага за овој случај и на собирање на потребни докази.
Основното јавно обвинителство Охрид од 19 март до 12 јуни, во време на пандемија на корона вирусот, има оформено 52 кривични предмети против познати полнолетни сторители за кривично дело, информира Зоран Митрески, основен јавен обвинител при Општинското Јавно обвинителство Охрид. Сторителите на казненото...
Post Views: 7
Полуматурантите оваа година не може да го прослават завршувањето на основното образование на досегашниот традиционален начин со поголеми собири во училиште и дома. Активот на директори од сите општински основни училишта упатува повик до родителите и своите ученици да се изостават домашните масовни прослави заради опасноста од ширење на вирусот. Ние сме свесни колку се прошири Ковид 19 токму од семејни прослави. Затоа го упатуваме овој апел плашејќи се за здравјето на сите околу нас, вели Оливија Јанева Пирузева, директор на ОУ Христо Узунов и член на активот, за нивното...
Post Views: 2
Од нуркачкиот центар Акватек изведоа еколошка акција на иницијатива на ресторан и плажа Бонанца, а пред почетокот на летната сезона. Акцијата беше успешно реализирана, информира Никола Паскали од НЦ Акватек. Покрај Паскали во акцијата бил вклучен и нуркачот Климчо Ангелоски.
„Целта беше од еколошки и безбедносен карактер за капачите на плажата. Од водата на брегот на капалишетото беа извадени повеќе автомобилиски гуми, собрани беа две вреќи со пластични шишиња, чаши, лименки, стаклени шишиња, најлони и амбалажа од прехранбени предмети кои ги користат луѓето во секојдневниот...
Post Views: 0
Епидемиолошката состоја во Охрид станува сложена со секојдневното зголемување на бројот на новозаболени од корона вирусот, инфомира Сашо Точков од ЦЈЗ. Половина од новите позитивни случаи на Ковид 19 се поврзани со кластерот од семејната прослава на новороденче. Вкупниот број на заболени од кластерот мекици достигна бројка од 17 позитивни лица. Од тој кластер се најголем број позитивни и се ставени во изолација, вели Точков.
„Денеска, само од вчера до денес има 10 нови заболени. 5 се од кластерот кој го имаме, поврзан со семејното групирање, а 5 се поединечни случаи....
Post Views: 0
Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години, информира...
Post Views: 8
Новонастанатата ситуција со Ковид 19 се рефлектираше и врз доставување на барањата за пријави на категоризација на сместувачките легла на охридското крајбрежје, инфромира Илкер Мустафа од одделението за Туризам и локален економски развој.
„Враќајќи се наназад неколку месеци барањата за категоризација се намалени што е нормално. Но, по олабавување на мерките, станоиздавачите почнаа да поднесуваат нови барања за категоризација на приватното сместување. Комисијата наскоро ќе излезе на терен и да ги категоризира објектите според барањата“.
Во евиденцијата на ТЛЕР има 290...