Автор: Валентина Неловска

Проф.д-р Митрески: Секоја наука нема дно, нема крај, треба да се истражува

Post Views: 13 Промовирани три книги од Проф д-р Павле Митрески. Станува збор за делата „Михајло Идворски Пупин од Вевчани до Идвор“, четврти дел „Студии за охридско – струшкиот регион“ и втор дел „Српски документи од 1890 до 1940 година“ кои содржат значајни историски факти од нашата понова историја. Секоја наука нема дно, нема крај, треба да се истражува. Тоа се покажа и во случајот со моите истражувања поврзани за Михајло Пупин Идворски, вели неуморниот научен работник и историчар. Проф. д-р Митрески во 88-та година од животот пишува и твори оставајќи во наследство на идните...

Continue reading

Охридскиот виолинист Ѓорѓи Петровски успешно ја гради кариерата на светските музички сцени

Post Views: 1 Младиот музичар, охриѓанецот Ѓорѓи Петровски со голем успех ја гради својата виолинистичка кариера на светските музички сцени. Тој ќе настапува на Фестивалот Охридско лето на 21 август, в петок, со Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Петровски на концертот ќе свири на виолина Томазо Каркаси која датира од 1751 година. Пред гостувањето на Фестивалот Охридско лето, Петровски ги сподели чувствата како е да се свири на свој терен и на еден инструмент стар 3 века. Раритетната виолина е сон за секој врвен музичар, а Петровски раскажува како Швајцарска фондација...

Continue reading

Во Охрид во пораст е бројот на кражби на велосипеди

Post Views: 3 Во Охрид мета на крадците се поскапи, но и постари велосипеди. Не е мал бројот на охриѓани кои деновиве останале непријано изненадени по кражбата на нивниот велосипед. Некои граѓани кражбите ги пријавуваат во полиција, некои не, други пак, бараат помош со објави на социјалните мрежи. Кражбите на велосипедите се случувале најчесто од јавните површини, помал дел од дворовите и влезовите од станбените згради, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Во полиција се пријавени 19 кражби на велосипеди во првите девет месеци од оваа година. Во таа насока, може да кажеме,...

Continue reading

Поголемиот дел од охриѓани не се одлучуваат за летување во странски дестинации заради Ковид 19

Post Views: 1 Стравот од короната ги спречи многу граѓани да заминат на летување надвор од земјава.  Охриѓани многу ретко избираат туристички аранжмани за летување во странство оваа летна сезона. Единствена можност каде што без ПЦР тестови може да летуваат се туристичките одморалишта во Албанија, Турција и Египет. Засега само таму се патува без овие тестови, но интересот за патување е многу слаб, вели Јаким Маленко од ТА „Вис пој“. „Воопшто интересот е многу слаб. Интересот изразено во порценти е послаб за 99 проценти. Ако лани букирањето било 100 посто годинава е еден посто.Никој...

Continue reading

Разнишана бизнис климата во охридското стопанство

Post Views: 1 233 фирми се избришани, а само 90 се основани во Централниот регистер во Охрид, во првите 6 месеци од годинава. Бизнис климата во градот била неповолна и ги погодила најмногу услужните дејности. Пандемијата од Ковид 19 предизвика тешка екомомска состојба и ги принуди да стават клуч на врата и стопанственците од најразлични други дејности. Според податоците од Централниот регистер за Охрид најголем број избришани дејности има во услужниот сектор како што се затворени ресторани и продавници. Февруари бил најкритичниот месец кога над 160 стопанственици морале да ги затворат...

Continue reading

Охриѓани стануваат поодговорни за чистење на оџаците

Post Views: 2 Граѓаните се почесто ангажираат оџачар, но и самоиницијативно ги чистат оџаците и одводните чадни канали. Со тоа покажуваат дека посериозно и поодговорно се однесуваат за својата и општата безбедност при употребата на грејни тела за затоплување на домовите, информира Спасе Прентоски, командир на ТППЕ. Напоменува дека нивните апели допреле до граѓаните како да ги избегнат ризичните ситуации во зима. Противпожарната култура се презентира како основна заштита на граѓаните. Секое семејство се менува. Во позитивна смисла се менуваат навиките пред грејната сезона кога почнува...

Continue reading

Стручен тим се грижи за децата со аутизам во охридскиот Центар за сензорна терапија

Post Views: 22   Дипломираните дефектолози Ангела Чингоска и Нада Костоска се дел од стручниот тим кој работи во Центарот за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Стручниот тим покрај 5 мината дефектолози, специјални едукатори, го сочинуваат и логопед и психолог. Повремено доаѓа и невропсихијатар од Скопје. Стручниот тим работи според подготвен план и програма за работа за развој на децата според индивидуалните потреби на секое дете, вели Ангела Чингоска. „Нема две деца исти. Сите деца се различни. Постојано за секое дете има индивидуализиран план. Постојано...

Continue reading

Булеварот Железничка е една од најопасните сообраќајници во градот

Post Views: 4 Булеварот Железничка е една од најфрекфентните и најопасните сообраќајници во градот. Најкритична е состојбата на оваа улица бидејќи секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информира дип. инж. по сообраќај Зоран Шикалоски од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици.  „Улицата Железничка е изградена пред 10 и повеќе години со стар проект од 30 години без можности за леви свртувања на безбеден начин туку на самата лента се прават тие леви свртувања. Со тоа се забавува сообраќајот, се зголемува небезбедноста и се случуваат несреќи“. Некој ќе праша зошто ако...

Continue reading

Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро

Post Views: 2 Анализи од ЦЈЗ направени на површинските води на Охридското Езеро покажуваат дека во некои делови има нарушување на квалитетот на езерските води. На мерните места каде што претходно се испитувал квалитетот на водата примероците покажувале дека водата е од прва класа, а сега се од втора класа. Тоа се должи на напливот на туристи во Охрид и крајбржјето. Сведоци сме на голем број дефекти што ги имавме во овој период заради несовесното и неодговорно однесување на некои корисници на угостителските објекти и на апартманите во приватното сместување. На дел од пумпните станици...

Continue reading

Се одржа 41-то издание на Илинденскиот пливачки маратон

Post Views: 17 34 пливачи пливаа на годинешното 41-во издание на Илинденскиот пливачки маратон. Од нив 13 беа учеснички во женска и 21 пливачи во машка категорија. Првите три места во двете категории им припаднаа на пливачите од Градскиот пливачки Сојуз на град Скопје. Во машка конкуренција прв на целта пристигна Андреј Стојаноски со резултат од 31 мин 31 сек и 04 стотинки, а на второ и трето место се пласираа Стефан Цветкоски и Андреј Караскаковски. Во женска категорија прва на целта пристигна Ева Петровска со резултат од 34 мин и 40 сек, а веднаш зад неа се пласираа Марија Гајиќ...

Continue reading

ОУ „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет

Post Views: 11 Охридското основно училиште „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет. Во проектот учествувале педесетина ученици од Турски наставен јазик од прво до деветто одделение во осум проекти од природните и општествените науки. Учениците минатата година се вклучиле во проекти по личен избор и интерес, а еден од проектите е на тема „Моето семејство во пандемија“. Во време на пандемијата која донесе многу негативни работи се случија и некои позитивни како што е учество во заеднички активности и зајакнување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците,...

Continue reading

Центарот за сензорна терапија доби помош од Бугарската Влада

Post Views: 0 Пристигнаа хуманитарни пакети наменети за охридскиот Центар за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Бугарската амбасада во земјава донираше хуманитарна помош од Бугарската Влада за земјава. Покрај, социјани пакети за град Скопје, се обезбедени и 30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик за охридски семејства кои се погодени од последиците на пандемијата од Ковид 19, рече Ангел Ангелов, Бугарски амбасадор во земјава. „Особено за социјално загрозените семејства. За време на таа пандемија тие најмногу ја чувстуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top