Се одржа 41-то издание на Илинденскиот пливачки маратон

Заради Ковид 19 традиционалниот термин  на одржување на маратонот беше поместен од  2-ри  на 17-ти август. Македонските пливачи покажаа голем интерес за учество на Илинденски пливачки маратон кој се одржа според сите безбедносни протоколи. 

 |  Валентина Неловска  | 

34 пливачи пливаа на годинешното 41-во издание на Илинденскиот пливачки маратон. Од нив 13 беа учеснички во женска и 21 пливачи во машка категорија. Првите три места во двете категории им припаднаа на пливачите од Градскиот пливачки Сојуз на град Скопје. Во машка конкуренција прв на целта пристигна Андреј Стојаноски со резултат од 31 мин 31 сек и 04 стотинки, а на второ и трето место се пласираа Стефан Цветкоски и Андреј Караскаковски. Во женска категорија прва на целта пристигна Ева Петровска со резултат од 34 мин и 40 сек, а веднаш зад неа се пласираа Марија Гајиќ и Ивана Неделковска.

Македонските пливачи покажаа голем интерес за учество на годинешниот пливачки маратон кој заради Ковид19 се помести од традиционалниот термин на одржување, односно од 2-ри на 17-ти август. Пливачкиот Илинденски маратон се одржа според сите безбедносни протоколи, информира Катерина Стојаноска, од Организациониот Одбор на маратонот ПК „Охридски бранови 2008“. Во езерските води, покрај кејот се пливаа 2,5 км, со вртење на 3 круга од по 800 м, а се тргна 100 метри понапред за да се добие потребната должина на патеката, кажува  Стојаноска.

„Годинава не беше мерењето на резултатите традиционално како што го мериме со штоперица туку меревме електронски. Учесниците добиваа електронска алка и секој круг беше забележуван електронски“.

На 41-то  издание на Илинденскиот пливачки маратон учествуваа и 4-ца охриѓани. Домаќините го претставуваа градот и домашните пливачки школи и клубови. Пливаа Климентина Модева, Јован Наумоски од ПШ „Аква спирит“, осумгодишната Теодора Колческа, најмалата учесничка на маратонот од „Охридски бранови 2008“. Од истиот клуб, пливачот Предраг Мургоски постигна најдобар резултат со време од 45 мин и 27 сек. 

„Чувството е одлично. Се гордеам што е така. Тоа е заради напорните тренинзи и благодарение на мојот тренер Славчо Цветкоски кој ми помогна да ги постигнам овие успеси“.

На одложениот термин за одржување на Илинденскиот пливачки маратон вон конкуренција пливаа и најдобрите наши маратонци, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски кои пристигнаа први на целта.
Пливачкиот Илинденски маратон се одржа во организација на ПК „Охридски бранови 2008“, под покровителство на Локалната самоуправа, а спонзори беа и фирмите Костал и ЦВО.

За безбедноста на пливачите се грижеа волонтерите на ОО ЦК, а регуларноста на пливачкиот маратонот ја следеа 12 пливачки судии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top