Post Views: 3
Занаетчиите да бидат опфатени во 4-тиот сет економски мерки побараа од министерството за економија од КЗМ. Мерките ќе се добра финансиска инјекција за занаетчиите бидејќи се наоѓаат во финансиска криза, сите дејности работат нерентабилно и им е потребна финансиска помош од државата, информира Сашо Богоески прет. на РЗК и член на Прет. на ЗКМ. Додава дека испорачаните барања се со цел да продолжат антикризните мерки во услови на пандемијата за помош на оваа стопанска гранка.
„Истото го бараме и во 4 -от сет на мерки да бидеме покриени со парична помош од 14.50 ден., до...
Post Views: 1
Бројката од 14 нови случаи на заразени со ковид 19 ја вознемири охридската јавност. После подолго време на мирна ситуација со мал број случаи, двоцифрената бројка ги потсети граѓаните дека вирусот циркулира во заедницата. Станува збор за заразени охриѓани од кои повеќето се со лесна клиничка слика, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ Охрид.
„Најголем дел се поединечни случаи. Во анкетните листови видов дека не знаат како се заразиле. Но, има семејно поврзани позитивни случаи, дел се здравствени работници од болничките одделенија. Сетоа тоа говори дека не е време за...
Post Views: 1
45 годишен охриѓанец кој е хоспитализиран поради Ковид 19 на клиниката Филип Втори има потреба од крвна плазма од донатор со крвна група Нулта позитив кој ја прележал болеста. Се почести се ваквите апели на социјалните мрежи за потреба од крвна плазма. Состојбата на некои од пациентите брзо се влошува, а од друга страна донирањето и испитувањето на крвна плазма е сложена постапка. Од Институтот за трансфузиологија во Скопје апелираат излекуваните од заразната болест да не чекаат на поединечни апели туку да донираат плазма порано кога ќе се почуствуваат подобро за да...
Post Views: 6
Граѓаните се почесто избираат да купуваат производи on line преку интернет, нагласуваат од ОПМ. Ваквиот начин на купување заштедува време и пари, нема физичка комуникација што е добро во услови на пандемијата со Ковид 19 ама има и многу неправилности. Паралелно со овој современ начин на купување во пораст се измамите кон купувачите, според анализите на ОПМ, вели Катерина Павлоска од охридското Советодавно биро. Граѓаните јавуваат дека при on line трансакцијата продавачите не го испочитувалe рокот на испораката на прозиводот или за купениот прозивод не доставиле фискална...
Post Views: 3
Во мини-депонија се претвора паркинг просторот кај Горна Порта секое утро. Комуналниот проблем на оваа локација се повторува со години наназад , но е појава која се случува и на многу други локации низ целиот град, реагира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Во многу мои досегашни изјави ги повикував граѓаните и комуналната инспекција и сите фактори да дадат придонес во создавање на комунален ред, но ништо од тоа, резигнирано вели Грданоски. Решението за воспоставување на комунален ред го гледа во изрекување санкции од страна на комуналната инспекција.
„...
Post Views: 0
Трговијата, рударството и преработувачката индустрија ги почуствуваа најсилно економските удари како резулата на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 во вториот квартал од годинава. Статистичките податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека овие три сектори имаат најголем екомски пад. Во овие дејности има застој во работата во месеците април, мај и дел од јуни, поради рестриктивните мерки на заштита од пандемијата од коронавирусот. 29,4 проценти има пад во преработувачката индустрија.
Статистичарите забележале податок од 23,4 проценти...
Post Views: 0
Охридските градинки ќе ги отворат вратите за да згрижат околу 600 дечиња. Од среда, ќе почнат да посетуваат градинка децата чии 2 -ца родители мора да ги извршуваат работните задачи од работното место и самохраните родители. Подготовките за отворањ ена гардиснките се целосно завршени во санитарно хигиенски поглед и е постапено според дадените критериуми, информира Мери Рилкова, директор на JОУДГ „Јасна Ристеска“. Според протоколите во групите од 0 до 2 години може да згрижиме по 6 деца, а во останатите групи над 2 години до 10 години по 15 деца. Во моментов според протоколите...
Post Views: 0
На истекот од летната сезона 2020 се сумираат финансиските резултати од туристичката посетеност, но и од степенот на култура на гостите. Годинава, туристичката сезона е карактеристична по мошне сложена општествена сосотојба која ја наметна ковид 19 и пропишаните протоколи за хотелиерите и за гостите како заштита од пандемијата. Неодминливо е прашањето колку угостителите, хотелите и туристите кои летуваа на охридско-струшкото крајбрежје ги почитуваа пропишаните мерки.
„Првите две недели беа збунети во однесувањето. Хотелите и рестораните постапија по пропишаните прописи...
Post Views: 6
Се бележи намалување на водостојот на Охридско Езеро. Денес, котата на Охридско Езеро изнесува 693,30 , информираат од УХМР. Од хидролошки аспект се евидентира секојдневно намалување на водостојот од 1 цм од 27 август до денес. Нивото на езерото, пак од вчера до денес, се намалило за два цм. Со вчерашното мерење била забележана висина на котата од 693,32. Минимално дозволената кота на езерските води е 693,10. Просекот на спуштање на нивото на водата во последните 10 години бил 693,33 , информираат од УХМР. Од таму додаваат дека ситуацијата не е алармантна. Нормално во...
Post Views: 2
Македонските граѓани немаат доволно информации каква храна јадат. Не добиваат јавни податоци од релевантните државни органи и научните институции, укажува проф. д-р Владимир Какуринов, од консалтинг и тренинг центарот Клуч. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контролите на храната кои ќе влеваат доверба кај граѓаните, беше истакнато на денешниот меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната,здравјето и нутриционизмот, „Нутрикон 2020“.
„Сметам дека нема доверба во ниту една државна институција не само кај нас туку во цел свет....
Post Views: 3
Туристичките работници очекуваат да продолжи туристичката сезона и во месец септември. Филип Стефаноски, од ТА „ДМС Балканс“ очекува дека сезоната ќе продолжи до половина од овој месец. Можеби и по 1 октомври. Стефаноски смета дека тие како сектор треба да понудат поприфатливи цени за домашните туристи. Продолжувањето на сезоната го гледаат во убавото септемвриско време и во пролонгирањето на почетокот на школската година.
„За туристичкиот сектор е поволно што учебната година ќе почне од 1-ви октомври. Со тоа ќе се продолжи туристичката сезона ако нема рестрикции од...
Post Views: 1
На почетокот од новата школска година останаа празни училишните клупи. Во услови на пандемија од Ковид 19 училиштата во државава ќе ги отворат вратите за учениците на први октомври. Школите ги чекаат од МОН плановите за работа во наставниот процес. Меѓу нив е ОУ Григор Прличев, во кое за прв пат во училишните клупи, треба да седнат и 120 првачиња во централното и поддрачното училиште во Рача. Додека се огласи школското ѕвоно течат подготовките за безбеден престој на ученциет до 3-то одделение кои треба да следат настава со физичко присуство. Школото има набавено дезинфекциски...