Се бележи опаѓање на водостојот на Охридско Езеро

Од 27 август досега секојдневно има опаѓање за 1 см на нивото на дозволената кота од 693,32 см.  Нема место за паника уверуваат од УХМР. Од  Елем за ТВМ информираат дека има зголемено испуштање вода за да се олеснат активностите за отстранување на повеќе од 10.000 m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим.

 |  Валентина Неловска  | 

Се бележи намалување на водостојот на Охридско Езеро. Денес, котата на Охридско Езеро изнесува 693,30 , информираат од УХМР. Од хидролошки аспект се евидентира секојдневно намалување на водостојот од 1 цм од 27 август до денес. Нивото на езерото, пак од вчера до денес, се намалило за два цм. Со вчерашното мерење била забележана висина на котата од 693,32. Минимално дозволената кота на езерските води е 693,10. Просекот на спуштање на нивото на водата во последните 10 години бил 693,33 , информираат од УХМР. Од таму додаваат дека ситуацијата не е алармантна. Нормално во овој период од годината по долготраен сушен период да има опаѓање на нивото на водата, напоменуваат од УХМР.

„Во  исто време има подигање на нивото на речното корито на водостојот на реката Црн Дрим кај селото Ложани. Нивото на речното корито во просек е 150 цм. Денес, водостојот на реката изнесува 135 цм, а вчера 138 цм“.

Став во врска со моменталното намалување на водостојот на Охридското Езеро побарaвме од Елем. Прашавме дали има поврзаност со испуштање на водите од езерото и чистењето на речното корито на реката Црн Дрим.

Во моментов котата на Охридското Езеро се наоѓа на 20 см над минималната кота. Вредноста е под просекот за овој период и истото се должи главно на подпросечно влажната година.
Инаку, зголеменото испуштање вода во изминатите десетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10000m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим. Проектот на чистење е финасиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга. Без оглед какви активности се изведуваат или ќе слeдуваат, котата на Охридското Езеро ќе се задржи во утврдените граници согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ“, стои во соопштението на Елем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top