Македoнските граѓаните не се сигурни дали јадат безбедна хранa

Државните органи не соработуваат  со научните институции и не се  споделуваат јавно информациите. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контрола на увозот и производството на храната кои ќе влеат сигурност кај граѓаните дека конзумираат безбедна храна, беше кажано на Нутрикон  меѓународниот конгрес за квалитет и безбедност на храната , здравјето и нутриционизмот.

 |  Валентина Неловска  | 

Македонските граѓани немаат доволно информации каква храна јадат. Не добиваат јавни податоци од релевантните државни органи и научните институции, укажува проф. д-р Владимир Какуринов, од консалтинг и тренинг центарот Клуч. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контролите на храната кои ќе влеваат доверба кај граѓаните, беше истакнато на денешниот меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната,здравјето и нутриционизмот, „Нутрикон 2020“.

„Сметам дека нема доверба во ниту една државна институција не само кај нас туку во цел свет. Се додека не се кажа јасно и гласно што е причината, кој е одговорниот и тој да одговора за направениот пропуст ќе има недоверба. Кога ќе почне да има јасна одговорност тогаш граѓаните ќе знаат дека некој има кој вистински се грижи за здравјето на потрошувачите“.

Билјана Лончар, научен соработник на Технолошкиот факултет на Униеврзиетот од Нови Сад, смета дека Балканските народи сеуште се хранат со безбедна храна. Домашните производители произведуваат храна на традиционален начин.

„По мое лично мислење храната на Балканските простори е безбедна и сеуште не се следат ГМО трендови кои владеат во светот.Храната која се произведува кај нас е произведена на традиционален начин. Има свест кај поединецот дека храната ќе ја конзумира и неговото семејство. Се води грижа за користење на пропишаните препарати, пестициди и хербициди, а верувам дека има органи кои го контролираат тоа“.

Една од целите на денешниот меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната , здравјето и нутриционизмот е да се посочи на потребата за јавно достапни информации за безбедноста на храната кои ги имаат здравствените работници, технолозите и инжинерите. Исто така , да има почести и потемелни контроли на храната и суровините за да се елиминира лошата перцепција дека државните органи не се грижат за здравјето на луѓето, напоменува проф.д-р Владимир Какуринов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top