• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На социјалните мрежи се почести се апелите зa крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот

На социјалните мрежи се почести се апелите зa крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот

Донирањето на крвна плазма од оздравени пациенти кои прележале Ковид 19 е сложена постапка. Излекуваните од заразната  болест да не чекаат на поединечни  апели туку да донираат плазма веднаш кога ќе се почуствуваат подобро за да помогнат во спасување на нечиј живот. 

 |  Валентина Неловска  | 

45 годишен охриѓанец кој е хоспитализиран поради Ковид 19 на клиниката Филип Втори има потреба од крвна плазма од донатор со крвна група Нулта позитив кој ја прележал болеста. Се почести се ваквите апели на социјалните мрежи за потреба од крвна плазма. Состојбата на некои од пациентите брзо се влошува, а од друга страна донирањето и испитувањето на крвна плазма е сложена постапка. Од Институтот за трансфузиологија во Скопје апелираат излекуваните од заразната болест да не чекаат на поединечни апели туку да донираат плазма порано кога ќе се почуствуваат подобро за да помогнат во спасување на нечиј живот.

Охриѓани и стружани излекувани од ковид 19 може да се пријaвуваат во Институтот во Скопје и на трансфузиолошките центри низ државата. Институтот организира акција за земање крвна плазма во местото на живеење на лицето кое донира или со сопствено возило организира превоз до Скопје. Лицата треба да се на возраст од 18 до 60 години и да немаат симптоми најмалку 21 ден. После трет негативен тест се утврдува концентрацијата на антитела во крвта.

Антителата од крвта на оздравените пациенти, се внесуваат во телото на болно лице, кое така добива способност полесно да се справи со тешката форма на болеста Ковид-19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top