Автор: Валентина Неловска

Аутизмот е сеуште табу тема во нашата средина

Post Views: 0 Статистиката покажува дека бројот на лица и деца со аутизам е во пораст и кај нас и во светот. Денес се одбележува Светскиот ден за свесност за аутизмот. Причините за аутизмот и понатака се непознати и зависат од многу фактори, вели Ангела Чингоска, специјален едукатор и рехабилитатор од Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Во нашата средина се прават позитивни промени во грижата и односот кон лицата со аутизам, но со бавно темпо. Поголеми промени се случија со отворање на нашиот Центар за сензорна терапија каде што многу родители побараа надеж за своите деца. Стручниот...

Continue reading

bolnica

Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно

Post Views: 3 Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат  одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот,  д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во  два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди. „Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати.  Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“...

Continue reading

galicica

Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица

Post Views: 8 Акцијата на едниницата за спасување  и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со  еден мртов и тројца спасени албански државјани.  Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид. „ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило  со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“Несреќата се...

Continue reading

Dedo Mraz

„ Децата за Дедо мраз“ претстава за најмалите охриѓанчиња

Post Views: 0   Младите актери аматери од детското драмско студио „Мулти култи“ ќе ја даваат претставата „Децата за Дедо Мраз.“ Ерол, Сара, Марија и Леонид се дел од малата група на драмското студио. Тие еден месец интензивно ја подготвувале претствата наменета за најмладите и за нивните врсници. Сите ветуваат добра забава и многу смеа за посетителите на претставата.   Режисер на претставата „ Децата за Дедо Мраз“  е Ташко Лаброски. Во подготовка и реализација учествувале 10 деца членови на аматерското драмско студио. Покрај ова група на најмали аматери, учествуваат и Давор, Илјаз,...

Continue reading

stand

Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад

Post Views: 0 Во моментов од шесте штандови на плоштадот кои општината ги нуди за изнајмување работи само еден. Во него се продаваат рачно  изработени сувенири. Стапивме во контакт со Локалната самоуправа и побаравме одговор каков бил интерeсот за изнајмување на овие типизирани објекти на кои за празниците е предвидено да се продаваат храна и пијалоци. Прашавме дали се изнајмени сите објекти  или нема интерес за останатите  пет штандови.  Од таму информираа дека се издадени пет штандови, а дозволите за работа продавачите ќе ги добијат в понеделник. Останува да се изнајми уште еден...

Continue reading

дијабет

Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот

Post Views: 1 Децата од Здружението на лица со дијабет тип 1 остврија прием кај охридскиот градоначалник. Здружението постои 4 години и ги опфаќа децата кои имаат дијабет тип 1,  напоменува претседателот на здружението, Зоре Димоска. „ Целта на Здружението е децата да се собираат почесто , да се дружат и меѓусебно д а си помагаат во нивната  едукација како на нив така и на нивните родителите.“ Здружението  остварува разни  активности и има  потреба од помош на заедницата во поддршка на нивните активности. Еден од проблемите кои би сакале да го решат во иднина е просторниот проблем.  ...

Continue reading

semafor

Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“

Post Views: 20 Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на светлосната...

Continue reading

maticno

Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните

Post Views: 5 Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните и вработените. Директорот на управата, Ашим Зеќироски напоменува дека преку овие контакти  може  да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и ќе побараат соодветни решенија за нив. Зеќироски, во нивната работа ги наведува  како  најчести проблемите поврзани со новороденчињата родени надвор од породилиштата, како и децата родени во странство. „ Како најчести  проблеми во Управата за водење на матичните книги се појавата на дополнителни уписи на деца родени во домашни услови и дополнителните...

Continue reading

emuc

ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ утре го одбележува патронатот

Post Views: 2 Општинското средно училиште, ЕМУЦ „Св Наум Охридски“  утре ќе го одбележи патронатот. Во аулата на училиштето ќе се одржи свечена култруно-забавна  програма подготвена од средношколците и нивните наставници. Директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски е задоволен од применувањето на бројни активности со кои се подобрува работењето на оваа образовна институција. Меѓу активностите ставен е акцент на подбрување на редовноста на учениците и намалување на зачестените изостаноци од настава, напоменува Цаноски.„ Направивме анализа за организирање на одморите во текот на наставата. На...

Continue reading

Бактериолошки неисправна водата за пиење во три села во Дебрца

Post Views: 5 Бактериолошки неисправна вода за пиење има во три села во Дебрца, покажуваат последните анализи од Центарот за јавно здравје -Охрид. Од таму препорачуваат забрана за употреба на водата за пиење од водоводите во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Игор Крцоски, директор на Јавното комунално претпријатие Дебрца, информира дека се преземени активности за решавaње на проблемот со водоводот во село Требеништа кој е под нивна надлежност. „Во Требеништа водоводот е во сопственост на ЈКП и имаше бактериолошка неисправност на водоводната мрежа. Во саботата направивме хиперхлорирање...

Continue reading

emuc

Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи, младите се едуцираат

Post Views: 0 Годината која изминува на територијата на општина Охрид ќе биде запаметена како година во која има пораст на сообраќајни несреќи. За да се намали ваквиот црн тренд на сообраќајки со тешки последици по животот на учесниците во сообраќајот се презема едукативна кампања која започнува од средните училишта. Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а  претседателот на овој совет Цане Георгиески ги наведува најчестите причини за несреќите. „ Факторите брзина на движење, влијанието на алкохолот и наркотиците, како основни според анализите. Но,...

Continue reading

beli mugri

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот на училиштето

Post Views: 4   Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците  поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни  презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top