„ Децата за Дедо мраз“ претстава за најмалите охриѓанчиња

„ Децата за Дедо мраз“ претстава за најмалите охриѓанчиња.

 |  Валентина Неловска  | 
Dedo Mraz
Dedo Mraz

 

Младите актери аматери од детското драмско студио „Мулти култи“ ќе ја даваат претставата „Децата за Дедо Мраз.“ Ерол, Сара, Марија и Леонид се дел од малата група на драмското студио. Тие еден месец интензивно ја подготвувале претствата наменета за најмладите и за нивните врсници. Сите ветуваат добра забава и многу смеа за посетителите на претставата.  

Dedo Mraz

Режисер на претставата „ Децата за Дедо Мраз“  е Ташко Лаброски. Во подготовка и реализација учествувале 10 деца членови на аматерското драмско студио. Покрај ова група на најмали аматери, учествуваат и Давор, Илјаз, Даниел, Матилда и Ристе кои се средношколци и исто така се членови на драмското студио. Сите ја сакаат глумата и се посветени  на работата, вели Лаброски.
„ Можам да кажам дека се одговорни, приоѓаат со љубов и желба во подготовка на претставата и пред публиката. Во изминативе три месеци работевме на сценски движења и говор и сега сакаат да го покажат пред публиката она што го научиле.“

Dedo Mraz

 

Досега претставата „Децата за Дедо Мраз“ е прикажана во неколку градинки,  основни училишта во градот и во приградските населби. Одигарнатперстав има успех зато атопостигнуваме емоции кај децата, кажува режисерот. Нашето задоволство е големо затоа што е видлива среќата и радоста кај децата , но не само кај нив туку задоволни се и нивните родители, раскажува Лаброски.
Претставата „ Децата за Дедо Мраз“ ќе се прикажува во понеделник во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев.“

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top