Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните

Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните.

 |  Валентина Неловска  | 
maticno
maticno

Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните и вработените. Директорот на управата, Ашим Зеќироски напоменува дека преку овие контакти  може  да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и ќе побараат соодветни решенија за нив. Зеќироски, во нивната работа ги наведува  како  најчести проблемите поврзани со новороденчињата родени надвор од породилиштата, како и децата родени во странство.

„ Како најчести  проблеми во Управата за водење на матичните книги се појавата на дополнителни уписи на деца родени во домашни услови и дополнителните уписи на деца родени во странство од наши државјани. Дополнителните уписи во домашни услови се решаваат во управна постапка, за тоа си води управна постапка подрачнато одделение, а за упис на новороденчињата во странство се решаваат со извод од надлежните органи во старнство и со согласност од родителите.“

maticnoПодрачната едница Охрид е вклучена во првата фаза од проектот за имплементирање на електронскиот матичен регистар. Направен е софтвер за матичните книги на родени, венчани и умрени. Во оваа фаза се вклучени 12 општини меѓу кои Охрид. Од јануари идната година ќе почне да функционира на барање на странките кои живееат во Охрид , а се родени во други општини. Во моментов изводите се издаваат само по службена должност, укажува Зеќироски. Но, секако дека им се излегува во пресрет и на граѓаните кои не се во финсиска можност сами да дојдат до потребните документи од нивната управа , укажува и раководителката на подрачното одделени Љубица Костадиноска.

„ Стоиме на услуга за граѓаните кои се родени во  Скопје, а живеат во Охрид доаѓаат на шалтер им укажуваме дека службено може да се обратат до матичната служба. Ние го препраќаме со пропратни акти во Скопје, тие го изготвуваат изводот на родени, венчани или умрени и го доставуваат назад во нашето одделение во Охрид. Ние се јавуваме на барателот на наш трошок, а исто така на наш трошок се и поштенските услуги.“  

Инаку, во подрачното одделение на Управата за водење матични книги во Охрид припаѓаат и 5 месни заедници. Седиштата на овие канцеларии се наоѓаат во Пештани, Косел, Белчишта, Требеништа и Велмеј.

{loadpsoition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top