Post Views: 9
Општина Охрид сеуште го користи грбот изработен во 1990 година а кој го содржи знакот за светско културно наследство на УНЕСКО. Локалните власти добија препорака од УНЕСКО за промена на грбот. Според правилата на оваа меѓународна организација, симболите на УНЕСКО не смее да се употребуваат во ознаки на други институции. Охрид не е испостава на таа организација па да го користи знакот, вели хералд Јован Јоноски претседател на Македонското Хералдичко друштво. Кон крајот на минатата година од Локалната самоуправа имаше најави дека отпочната е иницијатива за промена...
Post Views: 5
Жителите од Љубаништа се огласија за земјиштето кое треба да им биде одземено. На собирот побарале средба со владини претставници, вели Наум Ристески, претседател на Коордитивното тело од Љубаништа. Досега никој не побарал да се сретне со нас, ни од државата, ни од Локалната власт, за да ни каже што ќе се случува со земјиштето, кажува револтирано Ристеки. Мештаните се тука и постојат, некој треба да им каже , кој ќе ја одземе и за што земјата во Љубаништа, вели Ристески.
„ Ова е крик на народот дека постојат овие луѓе, никој не не прашува што ќе се направи. Дали...
Post Views: 18
Охриѓани не ја користат доволно можноста за преквалификации или дооформување на своето образование. Во општинската јавна установа за едукација на возрасни„ „Кузман Шапкарев“ најчесто граѓаните се обраќаат за преквалификација само кога мораат, вели директорот на оваа јавна установа, Славица Рисетска. Во последно време кај женската популација се поголем е интересот покрај формалното образование да изучуваат и некој занает, па така летово имаме примери млади девојки да посетуваат и курсеви за фризери или шминкери, појаснува Ристеска. Машката популација пак се интересира...
Post Views: 3
Охрид, регионот и земјава не може да се пофалат дека користат обновливи извори на енергија. Освен елетркичната енергија и огревното дрво, многу малку се користат останатите ресурси како што се сончевата енергија, ветерот или биомасата. Граѓаните и институциите издвојуваат голем дел од својот буџет за потрошена електрична енергија за греење , ама малку знаат и ги применуваат алтернативните извори на енергија. Македонскиот центар за енергетска ефикасност во соработка со југозападниот плански регион ги сензибилизира сите субјекти во општеството, граѓаните, правните...
Post Views: 49
Макало од лук „Папас“ убаво спакувано во мали теглички е нова вкусна, здрава и автентична понуда за посетителите во Охрид. Вкусот на охридското макало подеднакво ги воодушевува и домашните и странските туристи. Семејната приказна за изработка на охридското макало во помали пакувања започнала пред 3 години во ресторан во Трпејца покрај Охридското езеро. Гостите кои го вкусиле макалото покажале голем интерес за автентичниот специјалитет и посакале од вкусниот намаз да си понесат и дома. Од таму се роди и идејата да се направат помали пакувања и да се формира мала производствена...
Post Views: 1
Три угостителски објекти казнети за пуштање прегласна музика. Од 30- те исконтролирани објекти инспекторите во овие објекти регистрирале дека ја надминале дозволената бучавост и го прекршиле законот за заштита од бучавата. Николче Милески од општинскиот инспекторат кажува дека контролите покажале дека на терен има подобрување, но дека сепак граѓаните пријавуваат и понатака бучава. „ Најголем број на прекршувања за кои се жалат граѓаните се од плажите во ноќните часови, а тука се и бродовите. Се организираат забави на брод. И тие ќе бидат исконтролирани дали ги исполнуваат...
Post Views: 1
Здружението Тактус за развој на културните и уметничките вредности кај најмладите ги отпочна уписите за летната сликарска школа. Здружението постои 5 години со цел да го подигне интересот за уметноста и културата за деца на возраст од 7 до 15 години. Младите се интересираат за активностите кои ги организираат низ музика, театар, куклен театар, а од минатата година организираат и сликарска школа, инфомира Снежана Попов, претседател на здружението Тактус.
„Недостасуваат активности ние се трудиме уметноста со сите елементи да ја доближиме поблиску до децата. Организиравме...
Post Views: 1
Драмата „Многу врева за ништо“ е вечерашната претстава на актерите од НУ „Театар Комедија“. Шекспировата комедија напишана во 1598 година се однесува и на времето денес. Станува збор за претстава која бара силна физичка и психичка подготовка на актерите, брза игра и менување на жанровите, кажува режисерот Дејан Пројкоски.
Благодарение на оваа прекрасна екипа успеавме да созададеме една храбра и радикална Шекспирова претстава која се поигрува со жанровите. Започнува со една гротеска, интересна комедија, за потоа да влеземе во трагедија, па пак преку гротеска која...
Post Views: 1
Златната маска и пронајдените предмети кај Горна Порта ќе се изложат во Германија. Покрај овие артефакти Германците ќе видат и други вредни археолошки вредни предмети од Македонија. Пронајдените предмети ќе бидат изложени на 24 јули во германскиот Државен музеј. Охриѓани и македонците досега немале ваква можност.
Дома артефактите се чуваат во музејските депоа, а златната маска и останатите вредни предмети охриѓани и македонските граѓани ги гледаат само на постери. За да ги видат во живо ќе почекаат до отворањето на Златната соба. Оваа пак соба, најавувана од...
Post Views: 10
Изградба на пешачка патека и поврзување на градското пристаниште со Канео и Лабино, најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Оваа идеја е прифатена и веќе влегла во владините проекти, а се планира да се гради во две фази. Деновиве се очекува средба со општинските претставници и Министерството за транспорт и врски во врска со овој проект, информира Бакрачески. „ Всушност со иницирање на овој проект и обезбедување средства за изградба на ваква пешачка патека за која во овој момент има поделени мислења. Поголем дел од граѓаните на Охрид одамна бараат изградба...
Post Views: 2
Со претставата Отело актерите на битолскиот народен тетар го заполчнуваат драмскиот дел на фестивалот Охридско лето. Младите актери од битолскиот театар ја подготвувале претствата под режисерското водство на Диего де Бреа. Костимите се дело на Благој Мицев. Мицев е здоволен од соработката со режисерското име на де Бреа.
„ Тој за нас беше исклучително искуство, режисер што се случува еднаш на неколку години. Де Бреа успеа да ги повлече работите и во организација и во идеја, визуелно, и на се она што го работиме. Отело е една претстав која на многу нивоа ги поместува...
Post Views: 1
Обуки и прекфалификации за возрани луѓе е приоритет на општинското јавно училипште Кузман Шапкарев или поранешниот работнички универзитет. Многу луѓе кои останале без работа или сакаат стручно да се прекфаликуваат обуките може да ги добијат во оваа институција, вели Славица Ристеска директор на отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев. Изработката на оргинални локални сувенири е една од можностите кои ги нуди отворениот граѓански универзитет, порачува директорката. Треба да се размислува сувенирите да се изработуваат на едно опремено место, предлага Ристеска....