Актерите со „Многу врева за ништо“ ќе внесат позитивна енергија кај гледачите

Актерите со „Многу врева за ништо“ ќе внесат  позитивна енергија кај гледачите.

 |  Валентина Неловска  | 
драма
драма

Драмата  „Многу врева за ништо“ е вечерашната претстава на актерите од НУ „Театар Комедија“. Шекспировата комедија напишана во 1598  година  се однесува и на времето денес. Станува збор за претстава  која бара силна физичка и психичка подготовка на актерите,  брза игра и менување на жанровите, кажува режисерот Дејан Пројкоски.

драма Благодарение на оваа прекрасна екипа успеавме да созададеме една храбра и радикална Шекспирова претстава која се поигрува со жанровите. Започнува со една гротеска, интересна комедија, за потоа  да влеземе во трагедија, па пак преку гротеска која ја создаваме на сцена да се вратиме во комедија. Она што е темел на претставата е театарската игара , која бара голем актерски напор“, кажа Пројкоски.  

Директорката на НУ „Театар Комедија“, Јелена Жугиќ вели како менаџер се трудам секоја  претстава да е поразлична и талентот на глумците да оди по нагорна линија. Основата на театарот е актерот, без се се може, но без актерите и приказната, нивниот меѓусебен дијалог не се може, а тоа зависи од талентот на ансамблот. За претставата ќе рече ние го доживеавме Шекспир автентично и модерно. Не го облековме однадвор туку  се втурнавме себе си во него. Тоа е еден обратен процес кој  даде ефект. Жугиќ гордо ги нагласува вештините на младите актери кои денес ги бара современиот театар.

драма
„ Нивните лични способности и вештини дојода во прв  план. Глумците знаат да свират на разни инструменти, да пеат и да играат.  Танцуваат,  знаат да глумат и се духовити. Режисерот Пројкоски се потруди Елена Прокопиева руска  кореографка  да ги обучува актерите“,напоменува Жугиќ.

Младите актери меѓу кои се  Нина Деан и Атанас Атанасовски  се осврнаа на процесот на содавање на  претставата. Подготовките биле интензивни и напорни, а крајниот резултат е задоволството од сработеното, нагласува Деан.

„ Многу сум среќна и убаво е да се гледа како колегите пливаат во секоја материја која им се задава. Овој текст е напишан толку одамна, а може да се стави во нашето модерно време , да се изигра сега и овде. Сеуште важат и законите кои ги напишал Шексир за различните видови на љубов кои ги има во овој текст“, вели актерката Деан.  

Режисерот и актерите вечерва ветуваат  претстава која ќе ги наполни со позитивна енергија срцата на гледачите. Преставата „Многу врева за ништо“ ќе се прикажува на сцената во  Центарот за култура „Григор Прличев“. Играат 10 -тина млади актери меѓу кои Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Роберт Ристов, Зорица Нушева , Драгана Левенска и др.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top