Изработка на локални сувенири е една од можностите кои ги нуди ОГУ Кузман Шапкарев

Изработка на локални сувенири може да се научи  во ОГУ Кузман Шапкарев.

 |  Валентина Неловска  | 
suveniri
suveniri

Обуки и прекфалификации за возрани луѓе  е приоритет на општинското јавно училипште Кузман Шапкарев или поранешниот работнички универзитет. Многу луѓе кои останале без работа или сакаат стручно да се  прекфаликуваат обуките може да ги добијат во оваа институција, вели Славица Ристеска директор на отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев.   Изработката на оргинални локални сувенири е една од можностите кои ги нуди отворениот граѓански универзитет, порачува директорката. Треба да се размислува  сувенирите  да се изработуваат на едно опремено место, предлага  Ристеска.
suveniri
„ Добро е Локалната самоуправа да стапи во контакт со некој инвеститор кој би сакал да отвори фирма за изработка на сувенири. Со обука на граѓаните на Охрид да се изработуваат од различен материјал, по различна цена за секој да може да ги купи“.

 Ристеска се надева дека општинатат  ќе има поголем слух за решавање на овој проблем.  Недостатокот од сувенири на пазарот би се решил,  би се продавале домашни оргинални сувенири, а не увезени од Кина. Бенфит би имале и поедниците и општината,  вели Ристеска.

 

сувенири„ Треба институицјата за образование на возрасните, да ги исконтактира локалната самоуправа, занаетчиската комора да се изготват  програми по кој лицата кои доаѓаат кај нас да се обучат  и да се изработуваат сувенири , но со вклучување на сите лица во овој дел кои можат да помогнат и со координација и финансиски “.

Една од тие можности на Кузман Шапкарев  е  и изведување на средно стручно образование, нагласува Ристеска. Но, оваа  можност која ја има ова училиште не е доволно искористена. За реализирање на средното стручно образование треба поддршка од Локалната самоуправа, појаснува Ристеска.  ОД 2000 година Отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев работи со самофинансирање, а од пред неколку години е општинско јавно училиште. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top