Post Views: 4
Туристичките работници ги сумираат економските резултати од летната сезона 2020. Во услови на пандемија од ковид 19 и затворени граници странските гости ова лето беа малубројни посетители на охридското крајбрежје. Корона пандемијата го сопре подемот на рецептивниот туризам на охридското крајбрежје кој се случуваше последните години. Туристичките работници правејќи споредба на економската моќ и бенефит од странските и домашните гости сметаат дека не може да очекуваaт домашните гости да го спасуваат туризмот и секторите поврзани со него.
„Туризмот е комплексна гранка од...
Post Views: 1
Почна учебната година за првачињата. Училиштата им посакаа топло добредојде на првоодделенците кои носеа заштитни маски и беа распоредни според посебни протоколи. Меѓу 480 -те охридски првоодделенци се и 122 ученици од ОУ Григор Прличев. Тие се распоредени во 6 паралелки од кои 5 се во централното и една во поддрачното школо во населбата Рача.
„Мора да забележам дека децата беа видливо среќни и насмеани. Иако, да малку е чудно, но тоа е новото, нормалното. Тековно ќе се навикнуваме на предизвиците кое ни ги носи секојдневието и ќе ги решавме проблемите доколку настанат“,...
Post Views: 6
Во реонот на селото Мешеишта во тек е експропријација на земјиште од страна на МЕПСО за изградба на трафостаница. Ова е најновата експропријација со која се соочуваат граѓаните од охридскиот регион. Експропријација имаше и за земјиштето на автопатот Кичево – Охрид која е во тек, а започна во 2014 година. Актуелноста на овие ситуации го наметнува прашањето колку луѓето ги знаат своите права во ситуации кога државата сака да го одземе нивниот имот по одредена цена. За оваа проблематика го консултиравме адвокатот Александар Карали, кој советува, засегнатите граѓани...
Post Views: 1
Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември .
„Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата кои подигна...
Post Views: 1
Усвоен четвртиот пакет економски мерки тежок 470 милиони евра, а со кој Владата продолжува да им помога на граѓаните, вработените и стопанството да се надминат последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Меѓу, позначајните мерки кои се 31 на број, е и мерката платежни картички за поголема потрошувачка и за развој на домашните економските дејности. Оваа мерка ќе изнесува 27,2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени над 280 илјади граѓани кои не беа опфатени во првите 3 сета економски мерки. Платежни картички со износ од 6000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители,...
Post Views: 1
Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци. Според протоколите може да се сместат редуциран број станари во собите на двата сметувачки објекти. Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ има услови за да го спроведе протоколот за сместување на студентите, информира Жарко Куциноски директор на домот. Сите соби во студенскиот дом се со 3 и 4 кревети и може да се сместат најмногу по две лица. Во домот има сеуште слободни места за уште 80 студенти.
„Во нашиот студенски дом имаме сместувачки капацитет за 160 студенти кои ќе бидат сместени во...
Post Views: 0
Лесна е за употреба Националната Платформа за он лине настава, тврдат 30 национални обучувачи кои своето знаење го пренесле на сите свои колеги во македонските училишта. Денес школите ги добија корисничките имиња за најавување на ученците во платформата, а од понеделник одделенските раководители ќе ги поделат, информира Ивана Маховска Шикалоска, директор на ОУ Григор Прличев. Напоменува дека платформата за наставниците, родителите и учениците е предизвик бидејќи е нешто ново, но не е несфатливо и е лесно за употреба. За да нема нејаснотии ќе бидат дадени упатства и...
Post Views: 0
Јулијана Милеска, Велика Ѓонеска и Нада Љаткоска од месноста Надвис, од Велгошти се соочувале со живот без вода од водоводната мрежа два месеци. Тие се дел од 60-тина семејства со околу 240 луѓе кои имаа секнати славини на чешмите за пиење вода. Од 10 август па се досега во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Преку ден не можевме да се испереме, истушираме, се миевме капка по капка со вода, вели Милеска. Додава дека секое утро првиот шок им бил дали ќе имаат вода или не во водоводната мрежа. Навечер чекале да наполнат...
Post Views: 3
Од секторот за комунални дејности, патишта и улици при Локалната самоуправа поставиле прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба. При изработката на автопатот по наше барање и на барање според потребите од ЈП Водовод и Нискоградба се договоривме со изведувачите да се направат 5-6 прелази на автопатот, информира Томе Нанески, раководител на Секторот за Комунални дејности, патишта и улици.
„Поставивме цевки кои можат да се искористат за повеќе намени. Може да се искористат за менување на електрични кабли и кабелски оператори. Кога ќе се заврши автопатот да не...
Post Views: 0
Граѓани пријавуваат до полиција малолетници кои го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови со бучно возење на моторцикли и трки по улиците. Подолго време, се ремети јавниот ред во населбата Билјанини извори и во Бараки. Кај градскиот полигон се забележува собирање на малолетници кои се бучни и конзумираат алкохол. Покрај конзумирањето алкохол малолетниците посегнувале и по наркотици во парковите и школските дворови, но и на други места низ градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за досегашната работа на полициските службеници од Полициската...
Post Views: 8
Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје на Охридското езеро. Од идната година би требало да се изградат уште 2,5 км колекторски систем на потегот од Елен Камен до Радожда, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор. Предвидено е зафатите да се реализираат со средства од Ипард 3 фондовите на Европската унија. Со проектот кој тежи околу 9 милиони евра треба да се направи целосна реконструкција на пречистителната станица во Враништа и да се доизгради колекторскиот систем на овој потег, посочува Алексијоски за идните планови на...
Post Views: 0
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС доби напатствија за средување на теренот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Општина Охрид треба да ги направи подготвките на теренот каде што се планира да се постави модуларната болница, а со која градот треба да добие тријажен центар и проширени капацитетите за лекување на болни од Ковид 19. Договорено е да се среди просторот со површина од 500 до 700 м квадратни, позади геријатриското одделние, информира Томе Нанески, раководител на Фондот за комунален развој при ЛС.
„Обврска на општините...