Почна учебната година за првачињата

Училиштата им посакаа топло добредојде со посебни протоколи. Со физичко присуство почна наставата и  за второ и трето одделенците. Основците од останатите предметни одделенија  и средношколците наставата ќе је следат он лине.

 |  Валентина Неловска  | 

Почна учебната година за првачињата. Училиштата им посакаа топло добредојде на првоодделенците кои носеа заштитни маски и беа распоредни според посебни протоколи. Меѓу 480 -те охридски првоодделенци се и 122 ученици од ОУ Григор Прличев. Тие се распоредени во 6 паралелки од кои 5 се во централното и една во поддрачното школо во населбата Рача.

„Мора да забележам дека децата беа видливо среќни и насмеани. Иако, да малку е чудно, но тоа е новото, нормалното. Тековно ќе се навикнуваме на предизвиците кое ни ги носи секојдневието и ќе ги решавме проблемите доколку настанат“, кажа на првиот школски час директорката Ивана Маховска Шикалеска.

Наставата за првачињата ќе започнува во 7.30 часот. Ќе влегуваат од 5 влеза сите во различно време.Пред почетокот на наставата долу ќе има дежурни наставнци кои ќе им мерат температура и ќе им помогнат да ги дезинфицираат обувките. Пред училницата ќе ги пречека нивната учителка која ќе им помага да ги дезинфицираат рацете. Покрај првачињата со физичко присуство настава ќе следат и околку 200 второ и трето одделенци. За останатите ученици од 4 до 9 одделение се е подготвено за одржување на он лине наставата, вели Махоска Шикалеска.

Подготвени сме според техничките услови и можности да се одржи наставата. Апелирам до сите наставници, родители и ученици се ќе е добро, нормално се е ново и ние предзвик нормално е д аима потешкотии. Како што почнавме со обуките и платформата до ден денес се подобрува и се решава. Сите влегуваме во тој терк за да може да почнеме да одржуваме настава. Денес почнуваме со он лине настава и ги очекувам реакциите од наставниците верувам дека ќе е успешен“.

Освен првачињата и учениците од некои повисоки одделенија во подрачните училишта на територија на Општина Охрид за учениците од сите основни и средни училишта наставата ќе се следи онлајн. Наставниците и учениците имаа неколку пробни часови, а од денеска започнуваат со настава по распоред на часови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top