Националната Платформа за on line настава лесна за употреба

 Примената на оваа платформа треба да овозможи  нормален наставен процес и  надминување на слабостите кои се јавија претходно со далечинското учење.  На децата ќе им бидат предавани наставните содржини од страна на наставниците кои ќе бидат во училница.  За тоа се потребни компјутери со соодветна конфугурација и јачина на интернет пристапот во училиштата кои се обврска на општините.  

 |  Валентина Неловска  | 

Лесна е за употреба Националната Платформа за он лине настава, тврдат 30 национални обучувачи кои своето знаење го пренесле на сите свои колеги во македонските училишта. Денес школите ги добија корисничките имиња за најавување на ученците во платформата, а од понеделник одделенските раководители ќе ги поделат, информира Ивана Маховска Шикалоска, директор  на ОУ Григор Прличев. Напоменува дека платформата за наставниците, родителите и учениците е предизвик бидејќи е нешто ново, но не е несфатливо и е лесно за употреба. За да нема нејаснотии ќе бидат дадени упатства и за учениците и родителите како полесно да дознаат како функционира платформата.

„Платформата предвидува распоред на часови за учениците како да се со физичко присуство. Во понеделник имаат 5 часа и ученикот си клика на дел од календар и му излегуваат сите часови за тој ден. Часовите ќе траат 30 мин, а потоа ќе следува пауза од 10 мин за да се подготват  за следниот час според распоредот“.

Примената на платфорамата треба да овозможи нормален наставен процес и надминување на слабостите кои се јавија претходно со далечинското учење. Наставниците треба да предаваат од училница, но тоа ќе зависи од набаваката на компјутери со соодветна конфугурација и интернет пристап кои се обврска на општините, вели Маховска Шикалоска.

„Во моментов има јавен оглас за избор на интернет оператор кој ќе ја зајакне интернет конекцијата во училиштата. Се прави спецификација за оптички интернет и следно ќе е набававка на компјутери од општина Охрид за да се добие потребната конфигурација за да се одвива без пречки да се одвива наставата од кабинетите. Исто времено може да се случи во училиштата да има и по 15 наставници кои ќе предават он лине настава и се потребни добар интернет и конфигурација на компјутерот“.

Училиштата располагаат со стари компјутери добиени од МОН, а оперативниот систем линукс не ја поддржува во целост платформата. Олеснителна околност е што може да се влезе во платформата преку интернет со броусер, кажува директорката на ОУ Григор Прчличев. Покрај оваа платформа на самиот почеток ќе бидат користени и други апликации како вибер и зоом како комуникација со родителите, информира Ивана Маховска Шикалоска.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top