Автор: Валентина Неловска

sonk

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Post Views: 1 Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември. Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската градинка....

Continue reading

глобочица

На брегот на Глобочичкото езеро осветена црквата Св Илија

Post Views: 1 На брегот од Глобочичкото Езеро е осветена црквата Св. Илија која започна да се гради пред три години. Жителите ја изградија веднаш до местото каде што некогаш постоела истоимената црква,  а била потопена пред 5 децении заедно со селото,  во 1964 година, при  изградбата на хидроцентралата  Глобочица. Во нејзината изградба учествувале сите жители, кој како бил во можност, со пари или работна рака. Каменот, песокот, цементот и останатиот градежен материјал го носеле на раце, а го превезувале до брегот со помош на сплав. Вредните глобочичани копнееле по денот кога ќе ја...

Continue reading

nato

Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато

Post Views: 1 Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато. Денес голем број експерти, политичари , дипломати и професори  разговараа на тема  „Нато самитот во Велс: иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.  Она што е договорено на НАТО самитот во Велс, претстојните  предизвици со кои се соочуваат Алијансата и нејзините партнери, како и утврдувањето на модалитетите како општествата треба да се прилагодат на ново настанатите околности се темите на кои се дискутира на работилницата во Охрид.  Владите на 10 држави од регионот преку ваквите состаноци...

Continue reading

даљан

Погрешни податоци за парцелата ја закочија изградбата на пензионерскиот дом во Охрид

Post Views: 1 Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите  пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами. „ Има потреба, родителите се оставени на милост...

Continue reading

мост

Во Охрид отстранети 23 времени објекти

Post Views: 1 Локалната самоуправа продолжува да ги отстранува времените објекти. Како што дознаваме досега се отстранети 23 киосци. Инаку, уште на 10 јули сопствениците на  107-  времени објекти добија решенија за клуч на врата и отстранување на поставените објекти. Локалната  самоуправа ваквиот потег го правдаше со нивно неплаќање  на давачките кон општината и руинираниот изглед, но попушти пред барањето на сопствениците и им дозволи објектите да работат до завршување на летната сезона. Тогаш сопствениците на  времените објекти кажуваа  дека тие не се виновни за состојбите туку...

Continue reading

milkuz

„Милкуз“ донираше печки на пелети и огревно дрво, се вклучи во проектот „Топол дом“

Post Views: 2 „Милкуз“ компанијата за производство на печки на пелети и огревно дрво е првата компанија која позитивно одговори на повикот на проектот „Топол дом“. Центарот за социјални работи побара пред еден месец покрај поединци, во овој проект да се вклучи и бизнис заедницата. „ Во рамките на нашите можности излеговме во пресрет со донација.  Дониравме 10 печки на дрва од кои сите ќе бидат за социјално ранливата категорија на граѓани и 5 за училиштата во Охрид и Дебрца. Донација од 2 печки на пелети е наменета за градинките во општина Охрид заедно со пелети“, кажа менаџерот на...

Continue reading

лаб

Во Охрид за болеста ебола нема место за паника

Post Views: 3 Место за пaника нема со вирусното заболување ебола во Охрид, порачуваат од Центарот за јавно здравје- Охрид. Студентот од Нигерија кој вчера е испратен на Инфективната  клиника во Скопје е заради превентива , појаснува епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.   „ Еден студент e испратен на Клиника заради покачена температура. 4-от ден од престојот во Македонија му се покачила температурата. Другиот продолживме да го следиме , утрово му измеривме температура , таа е нормална. Нема  место за паника. Многу медиуми објавија дека има болни, нема болни. Секој кој...

Continue reading

Хидробиолошкиот институт дел од Европски проект за справување со ненативните инвазивни видови во водните коридори на Балканот

Post Views: 5 Хидробиолошкиот институт од Охрид заедно со ЕД Екоменлог се дел од Европскиот проект ISKMEN во кој се вклучени 8 земји меѓу кои и Македонија. Во проектот учествуваат три таргет земји Албанија, Црна Гора, БиХ, а меѓу нив се и Македонија и Турција и три земји членки на Европската унија Италија, Хрватска и Грција. Проектот има за цел да ја зајакне регионалната соработка на земјите од Балканот во справување со ненативните инвазивни видови кои се закна за биодиверзитетот на водните коридори кои ги поврзуваат, информира Проф.д-р Сашо Трајаноски од одделението за фауна на дното...

Continue reading

знаме

Свечено подигнато официјалното знаме на општина Охрид

Post Views: 19 Пред општина Охрид се вее ново знаме. По препорака на Унеско Локалната самоуправа изработи нов грб и знаме со обележја карактеристични за градот без симболите на Унеско.   „ Следеше постапката со која ние ангажиравме професионална асоцијација  како што е македонското  хералдичко здружение.Тие  изработија неколку верзии како што налагаат нивните правила. Знаме кое ќе ги задоволи основните духовни, традиционални, природни и културни вредности и обележја на градот Охрид. Ова знаме кое  го подигаме е изгласано на седница од мнозинството советници.        На пладне присуствувавме...

Continue reading

racin

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во Радојца Новичиќ, во Пештани ставен во мирување

Post Views: 2 Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу  голем за воспитно  згрижување на  децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила  условите на терен во Радојца Новичиќ. „Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на фактичката...

Continue reading

школо

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Post Views: 1 Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води...

Continue reading

kamen

„ Каменот и железото “ најновата изложба на Трајко Дурчовски

Post Views: 5 „Каменот и железото“ е  насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури  на Дурчовски утревечер во Центарот за култура.  Ова е 10-та  изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски. Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со  30 -тина скулптури. Секоја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top