• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Хидробиолошкиот институт дел од Европски проект за справување со ненативните инвазивни видови во водните коридори на Балканот

Хидробиолошкиот институт дел од Европски проект за справување со ненативните инвазивни видови во водните коридори на Балканот

Хидробиолошкиот институт заедно со Еколошкото друштво Екоменлог се дел од Европски проект за справување со ненативните инвазивни видови во водните коридори на Балканот. Во проектот се вклучени земји од Балкaнот и членки од Европската унија кои ќе дадат сопствените искуства и знаења во справување со ненативните инвазивни видови.

 |  Валентина Неловска  | 

Хидробиолошкиот институт од Охрид заедно со ЕД Екоменлог се дел од Европскиот проект ISKMEN во кој се вклучени 8 земји меѓу кои и Македонија. Во проектот учествуваат три таргет земји Албанија, Црна Гора, БиХ, а меѓу нив се и Македонија и Турција и три земји членки на Европската унија Италија, Хрватска и Грција. Проектот има за цел да ја зајакне регионалната соработка на земјите од Балканот во справување со ненативните инвазивни видови кои се закна за биодиверзитетот на водните коридори кои ги поврзуваат, информира Проф.д-р Сашо Трајаноски од одделението за фауна на дното од Хидроболошкиот институт Охрид. Европската директива за спречување со ненативните инвазивни видови има за цел да се спречи внесот на инвазивни видови меѓу земјите преку слатките коридори и речни теченија кои се поврзуваат помеѓу Балканските стоечки водни тела.

Целта на проектот е да го оневозможи нивниот трансфер од примарниот екосистем каде е населено таму да останат. Да го спречиме неговото ширење затоа целта на проектот е развивање на механизми како да се спречат понатамошните инвазивни видови. Има такви случаи со инвазивни видови во Охридското езеро, дел приаѓаат на макрофито вегетацијата, дел се од бенталната фауна и дел од рибната популација. За жал механизмите за справување со нив се тешки и затоа акцентот се става на нивно спречување да стигнат до таргет еко системот“.

Проекот нема научно истражувачки карактер туку резултатите ќе се базираат од досегашното искуство. Трите членки од ЕУ кои се вклучени во проектот имаат за цел да ги дадат сопствените искуства и знаења во справување со ненативните инвазивни видови. Во нашата земја инвазивните ненативни видови засега се споменати само како цел на која треба да се работи. Проектот ќе се реалира за време од две години и се работи веќе 7 месеци на оваа проблематика.

„Резулатите во трите Балкански таргет земји вклучувајќи ја и нашата земја и Турција е дека не постои Национална стратегија за управување со инвазивните видови. Иако сме потписнички на Конвенцијата за биолошки диверзитет и на Конвенцијата за Биолошка безбедност и ракување со биолошките ентитети не постои Национала стратегија“.

Резултатите од овој проект ќе бидат проследени до релевантите Министерства и се надеваме тоа дека ќе помогне за што побрзо мобилизирање и донесување на Национална стратегија за справување со ненативните инвазивни видови во нашата земја, напоменува Проф. д-р Сашо Трајаноски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top