Во Охрид отстранети 23 времени објекти

Во Охрид отстранети  23 времени објекти.

 |  Валентина Неловска  | 
мост
мост

Локалната самоуправа продолжува да ги отстранува времените објекти. Како што дознаваме досега се отстранети 23 киосци. Инаку, уште на 10 јули сопствениците на  107-  времени објекти добија решенија за клуч на врата и отстранување на поставените објекти. Локалната  самоуправа ваквиот потег го правдаше со нивно неплаќање  на давачките кон општината и руинираниот изглед, но попушти пред барањето на сопствениците и им дозволи објектите да работат до завршување на летната сезона.

мостТогаш сопствениците на  времените објекти кажуваа  дека тие не се виновни за состојбите туку се жртви  на префрлањето на надлежностите од државно на локално ниво. Заради пропустите на институциите порачаа дека не се  измамници и крадци, дека се  подготвени да ги плаќаат давачките ретроактивно за изминатите години.  Досега плаќале данок на имот за земјиштето кое го користеле , а  не се виновни затоа што иако барале, никој не им понудил да  склучат  нови договори за закуп.

мост

Сега  чекаат општината да  донесе решение и да ги исполнат своите  обврски  како  што тоа го правеле  до 2006. Од локалната самоуправа им било најавено  дека ќе добијат цени  по зони за метар квадратен, но од тоа досега нема ништо. Исто така од Локалната самоуправа имаше најави дека ќе направат типизирани објекти и ќе стават ред со изгледот на објектите кои го нарушувале изгледот на градот, но и од тоа нема ништо. Од Локалната самоупрва до заклучување на дневникот не добивме инфорамација до каде е постапката со изготвување на програма за поставување на времени објекти.

Неофицијано, дознаваме дека програма  е испратен до Министерството за транспорт и врски и документот треба да претрпи ревизија. Но, не се знае кога ќе биде готова програмата  за поставување на времените објекти, кога ќе има лицитација  за  заинтересираните сопственици и дали право на предност ќе имаат сопствениците на веќе поставените киосци.

Во општина Охрид во моментов од работата на овие објекти егзистенција обезбедуваат околу 1000 луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top