Post Views: 0
Сеуште е не познаница за научниците дали и како се пренесува ковид 19 преку храната. Прашањето посебно стана актуелно по случајот во Нов Зеланд кога властите после 100 дена без ниту еден нов заразен се посомневаа на нови инфекции со вирусот преку пратка од смрзната храна. Се додека СЗО и научната јавност не излезат со јасни податоци и истражувања може само да се шпекулира во однос на пренесување на заразата од ковид 19 преку храната, вели проф. д-р Владимир Какуринов, експерт за безбедност на храна .
„Она што е интересно за ковидот е што никој досега не дал одговор колку...
Post Views: 0
Кривична пријава за свадба и 5 прекршочни пријави изрекле Државните пазарни инспектори продолжениов викенд во Охрид. 12 пазарни инспектори од Охрид и Гостивар извршиле над 200 контроли во угостителски објекти, информира Цветко Ристески, раководител на одделението за Пазарен инспекторат Охрид. Се контролирале охридските локали и хотели дали ги почитуваат владините мерки и протоколи. При акциите, 62 контроли биле со целосен инспекциски надзор и оформени записници, управни и прекршочни мерки. 137 биле визуелни контроли каде што не биле регистрирани неправилности, информира...
Post Views: 4
Охрид остана полупразен овој празничен, продолжен викенд. Иако овој викенд имаше добро време хотелите, приватното сместување, рестораните половично исполнети со гости. Оние кои што не пропуштија можност да го посетат градов велат дека малата посетеност не е поради влошената епидемилошка состојба и најавените поригорозни рестриктивни мерки.
„Јас не мислам дека се мерките туку парите се во прашање“. „Повеќе финансиската дефинитвино. Секој би сакал да ужива без дискусија, но економскиот момент е многу битен“.
Охриѓани ги избегнуваат прометните места низ градот за време...
Post Views: 2
Жителите на Абас Емин се жалаат дека или газат во кал или голтаат прашина и дека реконструкцијата на улицата се оддолжи. Денеска во градскиот совет информација од општинските служби за тоа кога ќе почне да се работи на горниот слој на улицата побара и советникот Џанер Исмаил.
„ Барам веднаш да се даде налог на било кое Јавно претпријатие да излезат заедно на терен со Фондот за Комунални дејности и да се најде привремено решение за покривање на вировите со кал на Абас Емин. Граѓаните да можат да се движат нормално и да стигнат чисти на работните места. Во овие услови...
Post Views: 5
Општина Охрид планира да се задолжи со околу 58 милиони денари за реконструкција на улиците Гоце Делчев и 7-ми Ноември. Советниците беа едногласни по предлог одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2. Оваа точка беше единствена на дневен ред на денешната 49 -та седница на Советот. Даниела Мартиноска Којчиноска, овластениот претставник од стручната адмистрација, даде подетални објаснувања за проектот. Се работи за проект кој ќе го реализира...
Post Views: 3
Инспекторите и редарите при Одделението за инспекциски надзор немоќни да се справат со граѓаните кои одлагаат разни видови отпад и прават диви депонии. Во Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има вработено еден Комунален инспектор и 9-мина редари. Тие постојано постапуваат по пријави на граѓани или состојби кои се создваат на терен со депонирање на градежен шут, кабаст отпад и отпад од домаќинства на несоодветни локации, информираат од ЛС. Додаваат, во најголем број од случаите редарите не може да ги откријат сторителите бидејќи истите речиси секогаш го...
Post Views: 0
Во ПИСИ образовниот центар од Охрид се одржуваат бесплатни он лине часови за математика за третоодделенци. Како центар со долга традиција и успех, професионалци во својата област меѓу која е и он лине наставата, Писи одржува настава за трето одделенците од цела Македонија, но и за сите ученици кои разбираат Македонски јазик од целиот свет, информира проф. Ангел Јанев сопственик на ПИСИ образовниот центар. Наставата се одржува веќе еден месец според наставниот план и програма за основно образование дадена од МОН , во деновите понеделник и среда од 20 и 15 до 20 и 45 мин....
Post Views: 8
Во основното музичко училиште Методи Патче настава ќе посетуваат 325 ученици во учебната 2020 -2021 година. Имавме голем интерес за упис на нови ученици и запишавме 53 ученици во прво одделение, информира директорката Емилија Маринова. Музичкото училиште доби согласност за изведување на индивидулната настава со физичко присуство за учениците од 2 до 9 одделение, а за теоретските предмети предавањата ќе бидат он лајн од 1 до 9 одделение, напоменува Маринова.
„Запазени се сите протоколи со индивидуалната настава и немаме реални проблеми. Професорите работаат со по еден...
Post Views: 2
Охридската итна медицинска помош доби современо амбулантно возило и софистицирана медицинска опрема. Возилото е донација од европскиот проект „Безбедни градови за срцето“ со прекугранична соработка на охридските ЈЗУ Здравствен дом и Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања и рехабилитација Св. Стефан со градовите Тракија и Каламарија од Република Грција. Амбулантното возило има најсовремена опрема и за градот е од многу голема важност при интеревенциите за спасување човечки животи кога секоја минута е драгоцена, напоменува д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ...
Post Views: 3
Чести прекини во водоснабдувањето од градската мрежа ги револтира граѓаните кои живеат на краци од улицата Абас Емин. Граѓаните од улиците Дејан Војвода и Македонски Просветители од 23 септември до денес многу пати во текот на денот остануваат без вода за пиење. Не можат да функционираат нормално ниту вработените во продавниците и други правни субјекти.Со недостаток од вода се соочува и Територијалната противпожарна единица чии возила се полнат со вода од ЈО Нискоградба. Светозар Стефановиќ , директор на ЈП Водовод појаснува кои се причините за појавата на честите дефекти...
Post Views: 3
Членовите на Здружението Еко-фап го обелуваат образот на охриѓани. Ентузијастички расчистуваат и подигаат разни видови отпад и шут низ делови од градот и околината. Општествено одговорните охриѓани се луѓе кои се дел од пловидбената флота и од туризмот. За идејата со еко акциите велат дека биле потикнати од коментарите од странските гости. Нивните забелешки се дека од Охрид не виделе поубаво место, но дека му недостасува хигиена и свест на населението за да не фрла ѓубре насекаде и да не се нагрдува животната средина, раскажува Горан Устијаноски, еден од повеќемината...
Post Views: 7
Прв регистриран случај Ковд 19 во охридска градинка. Денеска ЦЈЗ го доби позитивниот резултат од тестот за корона вирус на негователка во еден од клоновите на детска градинка Јасна Ристеска. Децата од групата за кои таа се грижела ќе останат дома во следните денови, информира директорот на центарот, Сашо Точков.
„Епидемиолошката служба контактира со надлежните и во моментов се врши анкета. Ќе се преземат сите мерки за заштита на децата кои биле во контакт со негователката ќе бидат изолирани дома и нема да доаѓаат во градинка. Ќе се преземат сите мерки, нема место за...