• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дивите депонии се прават преку ноќ, инспекторите пишуваат пријави против непознати сторители

Дивите депонии се прават преку ноќ, инспекторите пишуваат пријави против непознати сторители

 Многу тешко е да се откријат несовесните граѓани, признаваат  и волонтерите  од здружението Еко фап кои расчистуваат разни видови отпад во градот и туристичките места.     

 |  Валентина Неловска  | 

Инспекторите и редарите при Одделението за инспекциски надзор немоќни да се
справат со граѓаните кои одлагаат разни видови отпад и прават диви депонии. Во Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има вработено еден Комунален инспектор и 9-мина редари. Тие постојано постапуваат по пријави на граѓани или состојби кои се создваат на терен со депонирање на градежен шут, кабаст отпад и отпад од домаќинства на несоодветни локации, информираат од ЛС. Додаваат, во најголем број од случаите редарите не може да ги откријат сторителите бидејќи истите речиси секогаш го исфрлаат отпадот во ноќните часови. Инспекторите се принудени да поведуваат прекршочна постапка за непознат сторител. За ситуацијата на терен став побаравме и од Здружението Еко фап, волонтери кои самоиницијативно се борат со диви депонии во разни делови од градот. Горан Устијаноски, еден од еколошките активисти, вели не може институциите да решат се. Не може комуналец по секој од нас да пушти по еден чистач. Тоа е невозможно ако сите ние не сме еколошки свесни тоа ќе оди на штета на градот.

„Охридски комуналец не да го фалам, тоа не ми е целта, меѓутоа луѓето жилаво се борат со тие работи, но другите се побројни и уште 5 фирма како комуналец не можат да се справат со овие што можат да расипат. Така што зависи од свеста на луѓето. Фрлањето на отпад е краткотраен процес. За една минута може да исфрлите голема количина отпад, а од друга страна комуналец или некои волонтери треба да се спремаат и за да го исчистат она што некој друг го направил за две-три минути“.

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно прават акции за расчистување на различни видови отпад депониран на несоодветни јавни локации во градот, инфромират ид ЛС. Лоцирани се неколку критични точки во општината каде што многу често се повторува сликата со одложен отпад кад ешто не му е место. Устијаноски споделува став за то аколку мерките казнување, поставување видео надзор, присутво на комунални редари би вродиле со плод.Според него клучна е еколошката свест за животната средина кај сите граѓани.

„Секогаш велиме казни, казни.Но ние имаме утврдено дека ова е тешко докажливо кој е сторител. Обично се случува навечер, тешко е докажливо за полиција,за комунални редари, инспекторите од  капетанија , тешко е докажливо кој е сторител“. 

Со цел да се спречат ваквите појави и во насока на подигнување на јавната чистота, од ЛС најавуваат борба со несовесните граѓани со поставување на видео надзор на локации каде што се создаваат диви депонии како што е пример кај „Горна  Порта “ и на уште неколку критични локации.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top