Експертите за храна без одговор дали се пренесува ковид 19 преку храна

Се би било шпекулација бидејќи СЗО нема официјални научни истражувања, напоменуваат експертите. Упатуваат совети луѓето да го зајакнат имуниетот и препорачуваат конзумирање на зеленчук и овошје богати со витамини Ц , Д, но и селен и цинк.

 |  Валентина Неловска  | 

Сеуште е не познаница за научниците дали и како се пренесува ковид 19 преку храната. Прашањето посебно стана актуелно по случајот во Нов Зеланд кога властите после 100 дена без ниту еден нов заразен се посомневаа на нови инфекции со вирусот преку пратка од смрзната храна. Се додека СЗО и научната јавност не излезат со јасни податоци и истражувања може само да се шпекулира во однос на пренесување на заразата од ковид 19 преку храната, вели проф. д-р Владимир Какуринов, експерт за безбедност на храна .

Она што е интересно за ковидот е што никој досега не дал одговор колку тој вирус преживува на површини, на нежив материјал, во жива материја, преработена храна, во самиот организам, дали ако преживее 24 или 72 часа е вирулентен и може да зарази друго лице. Никој досега не се бави со такви податоци или е рано да има такви податоци “.

Експерите препорачуват производителите на храна и фабриките да ги почитуваат принципите за безбедност на храна без разлика дали се работи за ковид, или други вируси и бактерии. Во спротивно секое не почитување на принципите за безбедна храна ќе доведат до вкрстено загадување кое ќе се пренесе на луѓето.
Билјана Лончар, научен соработник од лабораторијата на Технолошкиот Факултет при Универзитетот во Нови Сад, посочува дека граѓаните треба да водат гржа за хигиената на продуктите и исхраната во време на Ковид пандемијата.

Мислам дека треба да се зајакне хигиената. Да се води грижа за личната хигиена и чистотата на просторот. Храната термички се обработува пред конзумирање, а овошјето и зеленчукот добро да се измијат со вода за да се уништи ковид. Мислам дека е доволно да се води сметка за висината на хигиената“.

Додека научниците не излезат со конкретни ставови од истражувањата, луѓето треба да внимаваат на градењето на својот имунитет, велат лекарите.

Д-р Џингис Јашар, од Аџибадем Систина, од лабораторијата за хистопатологија и проф. на Медицинскиот факултет на штипскиот Универзитет, советува луѓето преку исхраната да го зачуваат имунитетот.

„Да гледаме што повеќе да го одбраниме својот имунитет. Резултатите се гледаат има асимптоматски пациенти или со благи симптоми за кој јас сметам дека се здрави организми успеале да се изборат со она што го носи вирусот со себе“.

Станува збор за вирус со многу не познаници за научната јавност и отстапки од вирусологијата.Затоа е многу важно да се внесат големи количини на витамините ц и д ,селен и цинк од зеленчукот и овошјето кои се неопходни во организација на имуниот систем кај човекот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top