Автор: Валентина Неловска

Во Охрид на пладне се роди машко бебе новиот жител во 2018 година

Post Views: 1 Во  11 часот и 49 минути на одделението на гинекологија на свет дојде првиот жител на Охрид во 2018 година. Мајката Катерина Глигороска роди машко бебе. Бебето е трето дете во семејството Глигороски. За текот на породувањето се погрижи медицинската екипа на чело со д-р Мимоза Влаши. „Првото бебе во 2018 е машко од мајка третородка спонтано породена со телесна тежина од 3520 грама и должина 51 цм. И бебето и мајката се во добра состојба. Има и второ новороденче женско од мајка третородка со царски рез. И двете родилки се во добра состојба“ кажа д-р Влаши. Два часа по...

Continue reading

Стартува скрининг програма за рано откривање на рак на дебело црево

Post Views: 7 Од денес стартува скрининг програма за рано откривање на карцином на дебело црево. Тестирањата ќе се спроведуваат во Центарот за јавно здравје, а упатите ќе ги издаваат матичните лекари, информира Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. Тестовите со мостри кои го откриваат заболувањето ќе се предаваат во Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 13 часот, а резултатите ќе бидат готови за половина час. „Тестовите, тубите, епруветите каде што треба да се стават материјалите од три последователни столици се кај матичните лекари во амбулантите. За пациентите...

Continue reading

Незаборавен дочек на Новата година и на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 0 Охридскиот плоштад беше преполн со гости кои Новата 2018 година ја дочекаа на отворено. Забележливи беа многу весели и распеани лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Охрид беше преполн со туристи кои допатуваа за новогодишниот дочек од околните земји, а најбројни беа гостите од соседна Србија. Градот блескаше во својата магична новогодишна декорација и кај присутните влеваше надеж и оптимизам за подобра и посреќна 2018-та година. Од градскиот плоштад се обрати градоначалникот Јован Стојаноски од каде упати желби за многу здравје, успех и благосостојба во...

Continue reading

Во Охрид дочекот на новогодишна ноќ протече мирно

Post Views: 2 Дочекот на најлудата ноќ во Охрид протече мирно. За среќа не се забележани сериозни повреди од сообраќајни несреќи или тепачки. Од хируршкото одделение при Општа болница Охрид информираат дека дежурната медицинска екипа во текот на ноќта имала две интервенции. Тимот на чело со дежурниот лекар интревенирале кај паценти повредени во две одделни тепачки, од кои едната повреда била од нож. Охриѓани и гостите биле умерени во јадење и пиење според информацијата од службата за итна медициска помош. д-р Ана Неделкоска, раководител на Службата за итна медицинска помош, информира...

Continue reading

Отворен нов маркет од брендот Стоп Шоп

Post Views: 7 Брендот Стоп Шоп го прошири ланецот маркети со нов продажен објект. Менаџерите, на барање на граѓаните, ја одбраа населбата Долна Влашка маала, пресекот на улиците Партизанска и Славеј Планина во близина на црквата Св. Никола. Менаџерот Горан Јованоски вели дека маркетот се наоѓа на најдобрата туристичка локација каде што има голем број апартмани и хотели и каде што се чувствувал недостиг од брендиран продажен објект. Најавуваат дека ќе работат со пролонгирано работно време.   „Најавата е да се работи до 1 часот. Тука се наоѓаат пабови кои се дел од ноќниот живот. Во...

Continue reading

Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 3 40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра со...

Continue reading

Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор Прличев“

Post Views: 1 Предновогодишната атмосфера денес се чувствуваше и во основното училиште „Григор Прличев“. Раздвижени и весели беа учениците од 1 до 5 одделение на традициналниот училишен базар кој се одржува во овој период од годината, а каде ги продаваа своите изработени декорации. Одржувањето на ваков вид базари на кои се продаваат различни изработки од учениците, наставниците и родителите има повеќе придобивки, напоменува Офелија Петреска, директор на основното училиште „Григор Прличев“. Се развиваат креативноста, дружењето и хуманизмот, подвлекува Петреска. „ Парите се наменети...

Continue reading

ОК на Вмро Дпмне упати остри критики на адреса на директорот на ЈП Градски гробишта

Post Views: 9 Остри критики за работењето на Татјана Дамјаноска, директор на ЈП Градски гробишта упати Перчо Божиноски портпарол на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Божиноски , во своето обраќање го нападна СДСМ кажувајќи дека нивните кадри како партиски послушници предизвикуваат хаос. На адреса на Дамјаноска се бара одгворнот затоа што побарала ексхумација на гроб од свештено лице и не дозволила закоп додека не се плати гробното место. Обвинуваат дека со тоа го прекршила Законот за гробишта и погребални услуги. „ Директорката на ЈП „Градски гробишта“, Татијана Дамјаноска...

Continue reading

Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка

Post Views: 6 Првата новогодишна честитка охриѓани ја испратија од дното на Охридското езеро. Кај заливот на коските, 10 -тина нуркачи, по втор пат, новогодишната порака за 2018 година ја посветија на децата со ретки болести. Нуркачите упатија искрени честитки за нивно добро здравје и надминување на здравствените потешкотии, a општеството  да има повеќе слух за нивнит е потреби.   „ Ова е еден наш придонес за нивна афирмација, подобро да бидат прифатени и со цел општеството да им помогне“, изјави д-р Горан Балевски од Клубот за подводни активности Охрид. Традицијата за поставување...

Continue reading

Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел

Post Views: 1 Отворен нов хотелски објект во Охрид. Хотелот според угоститеските стандарди е од висока категорија со 4 ѕведи. Располага со капацитет од 39 соби. Од нив 31 соба се двокреветни, 2 еднокреветни, 1 фамилијарна и 5 делух, информира Виолета Анѓелеска директор на Кам Вилиџ. „Сакам да напоменам дека објектот е бизнис хотел. Има конференциска сала со 60 места , современо е опремен со видео бимови, модерно лоби, конференциска сала. Може да се употребува за деловни состаноци, семинари и конгреси“, вели Анѓелеска. Трговскиот комплекс каде што се наоѓа хотелот е модерно дизајниран...

Continue reading

Охрид се подготвува за организиран дочек на Нова Година

Post Views: 2 Охрид се подготвува за организиран дочек на Нова Година.Планираните проекти не се можни заради потрошените буџетски средства и завршените постапки за објавување на тендерските постапки, а како резултат на пролонгираните локални избори и незгодниот период од преземањето на локалната самоуправа, вели охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Стојаноски, сепак најавува интересни содржини и дочек на новогодишната ноќ на градскиот плоштад. „ Ѕвезда нема да има огарничени сме со буџетските средства, а од друга страна беше прекраток периодот да се договориме со локалната економска...

Continue reading

Започна сечењето на исушените палми

Post Views: 0 Од ЈП „Охридски комуналец“ започнаа да ги одстрануваат исушените палмини дрвца. Засега се исечени десетина стебла на неколку локации. Одстранети се палмите на охридскиот кеј и в долж пешачката патека Студенчишта. За палмите да бидат одстранети се чекаше да биде формирана општинската Комисија за сечење дрва за да се добие налог за нивно одстранување. По направената проценка од стручните лица треба да се исечат и одкорнат околу 70 -тина стебла од посадените 100-тина палми. Од ЈП Комуналец информираат дека нови садници ќе бидат засадени напролет. Се размислува за неклку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top