Во Охрид дочекот на новогодишна ноќ протече мирно

Во Охрид дочекот на новогодишна ноќ протече мирно. На хируршкото одделение имало две интервенции на повреди случени во две одделни тепачки. И лекарите од службата на итната медициска помош имале мал број на интервенции. 

 |  Валентина Неловска  | 

Дочекот на најлудата ноќ во Охрид протече мирно. За среќа не се забележани сериозни повреди од сообраќајни несреќи или тепачки.
Од хируршкото одделение при Општа болница Охрид информираат дека дежурната медицинска екипа во текот на ноќта имала две интервенции. Тимот на чело со дежурниот лекар интревенирале кај паценти повредени во две одделни тепачки, од кои едната повреда била од нож.
Охриѓани и гостите биле умерени во јадење и пиење според информацијата од службата за итна медициска помош. д-р Ана Неделкоска, раководител на Службата за итна медицинска помош, информира дека дежурните лекари од оваа служба немале посебни интервенции и имале мирна новогодишна ноќ.
До претпладневните часови на одделението за гинекологија градот сеуште не го имаше добиено првото новороденче, новиот жител на Охрид во 2018, а на одделението немало ни донесено родилка, јавуваат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top