Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски

Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски. Тие бараат две одделенски учителки и школскиот логопед и дефектолог на кои им истекува договорот за дело и понатаму да се задржат на работа.  Се повикуваат на нивната стручност и професионалност  и нагласуваат да не се игра со емоциите на децата за сметка на други интереси. 

 |  Валентина Неловска  | 

40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра со емоциите на децата за сметка на други интереси.

„На среде школска година да се менува кадарот не е во ред. Децата се првачиња и ја прифатија учителката и вакви промени не се добредојдени “ изјавува родителот Јованчо Спироски .

„ Да, има проблеми не сака да оди во училиште. Сака да се отпише. Ова е жално“, додава Трајческа мајка на првооделенец.

„Задоволни сем од досегшниот логопед и дефекторлог во школото и штета е да се изгуби ваков кадар и да не ги користиме нејзините услуги,вели Наум Блажески.

„ За учителката Маја станува збор за исклучително квалитетна наставничка 10 години наназад. Не се прифаќа одлуката да си оди Маја од ова училиште“, посочува Сандра Каневче.

Родителите по најавите за можна смена на овие три наставнички иницирале Училишниот одбор и Советот на родители да донесат одлука за нивно неменување. Сега реагираат дека таа одлука раководството на школото не ја почитува.

„Од директорката бараме да се повлече одлуката за промена и најважен е одговорот на прашањето по кои критериуми е избрана другата наставничка спротивно на донесената одлука. Доставуваме барање до директорката да се штитат пред се интересите на децата“, подвлекува Деспина Блажеска.

Во меѓувреме, како што изјавуваат родителите петицијата ја доставиле до градоначалникот со која бараат да се почитува нивната претходно донесената одлука за да се задржат на работа трите наставнички. За неправилностите напоменуваат дека ќе ги известат Просветниот инспекторат и Министерството за образование и наука.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top