Отворен нов маркет од брендот Стоп Шоп

Отворен нов маркет од  брендот  Стоп Шоп. Граѓаните ќе може да купуваат во продажниот  објект во Долна Влашка маала во близина на црквата Св. Никола.  Новиот маркет ќе работи со пролонгирано работно време.

 |  Валентина Неловска  | 

Брендот Стоп Шоп го прошири ланецот маркети со нов продажен објект. Менаџерите, на барање на граѓаните, ја одбраа населбата Долна Влашка маала, пресекот на улиците Партизанска и Славеј Планина во близина на црквата Св. Никола. Менаџерот Горан Јованоски вели дека маркетот се наоѓа на најдобрата туристичка локација каде што има голем број апартмани и хотели и каде што се чувствувал недостиг од брендиран продажен објект. Најавуваат дека ќе работат со пролонгирано работно време.

 

„Најавата е да се работи до 1 часот. Тука се наоѓаат пабови кои се дел од ноќниот живот. Во летниот период ќе има потреба од работа подоцна затоа што има хотелско угостителски објекти па ќе има потреба и од покасно работење. Засега ќе е до 1 часот пополноќ“, кажува Јованоски.

Новиот маркет на граѓаните им нуди квалитетни производи и пред се конкурентни цени.

Сите кои често купуваат во нашите маркети знаат дека има добри цени и добар асортиман, од прехранбени артикли, производи за домаќинство, хемиски производи, овошје и зеленчук. Граѓаните и понатака ќе добиваат акциски цени, прикладни за сечиј џеб. Се што им е потребно имаат во Супер Стоп Шоп во Долна Влашка маала“напоменува Јованоски.

Во концептот на Стоп Шоп е да отвараат маркети каде што ќе побараат граѓаните. Отворени се за соработка и ги покануваат граѓаните да им јавуваат на кои локации во населбите недостасуваат продажни објекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top