Автор: Маленкова Татјана

bazen

Отворениот базен повторно во владение на ЈП Билјанини извори

Post Views: 0 Отворениот пливачки базен од денеска повторно под капа на  Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.  Досегашниот концесионер Владо Рувинов којшто стопанисуваше со базенот, денеска соопшти дека предвреме се откажува од договорот за концесија кој е со важност до 2017 год и дека тоа го прави во интерес на развојот на водениот спорт во градов. „За градов за децава да се направи еден добар спортски центар, пливачки со помош на Кочо Паскали со клубот. Ние како фирма досега не бевме во можност да инвестираме и мислам дека општинава со овој градоначалник и со директорот дека...

Continue reading

rabotnicki univerzitet

Дипломи за успешно завршен курс за изработка на сувенири и бижутерија

Post Views: 30 Курсот траеше три месеци и истиот успешно го завршија кандидатите со различна воздраст и по националност. Сите кои го завршија курсот, оптимисти дека токму оваа доплома е нивната иднина. „Мене најмногу ме привлекува работа со стакло, затоа што всушност тоа го работиме, а сега научивме уште повеќе. Научивме техника на изработка  на стакло со акрилни бои, со проѕирни бои и техника за работа со хартија и картон, со текстил со суво цвеќе, со накит, како и многу други техники“, вели Елена Обуха. Организатор на курсот е отворениот граѓански унивезитет за доживотно учење,...

Continue reading

Branka Buntaseska

Низа успеси за охриѓанката Бранка Бунташеска

Post Views: 12 Бранка Бунташеска е охриѓанката која го преставуваше Охрид и Македонија на неколку олимпијади во Турција, и од каде се врати со сребро и злато. Таа не сака многу да зборува за своите успеси, само вели дека чест е да се претставува сопствената земја.  Од почетокот на второто полугодие Бунташеска учествуваше на повеќе регионални и државни натпревари.  Започна со регионалниот по физика, каде го освои трето место, за подоцна да оди на олимпијадата во Турција наменета за екологија,  каде освои сребрен мадал. Од последната олимпијада по турски јазик, во Анкара – Турција се...

Continue reading

agencija za vrabotuvanje

Со заеднички сили против високата стапка на невработеност

Post Views: 1 Поискусните земји ги пренесуваат своите искуства, а останатите своите планови за справување со овој проблем. После Австрија земја со најниска стапка на невработеност е Германија. Претставникот од  сојузното министерество за труд и социјлни работи од Германија, Волвганг Ондорг,  вели дека земјата се соочила со сериозно намалување на  економскиот раст по кризата од 2008 год, но додава дека се спревиле со овој проблем и веќе по една година од кризата успеале да постигнат подобра регионална соработка и раст од три проценти кој следел во следните години, со што успеале значително...

Continue reading

sesta sednica na sovet

Долга дискусија за дневниот ред од шестата седница на совет

Post Views: 2 Советниците на денешната шеста седница на совет дискутираа исклучиво за точки од предложениот дневен ред и покрај обидот на опозицијата да вметне уште неколку точки, а кои по подолга дискусија не беа прифатени. Имено предлозите на координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев кој побара советот да добиe Информација за активностите на Плаошник, информација за инвестицијата на Субрата Рој за Љубаништа и информација за Аеродромот за вода,  советот не ги прифати.  Сепак ставот на Тунтев е дека советниците и охриѓни имаат право да знаат што се гради на Плаошник...

Continue reading

plaza Palas

Oд понеделник ќе се знае судбината на пристанишетето спроти хотелот Палас

Post Views: 15   Секторот за урбанизам при локалната самоуправа ќе го средува потегот од крајбрежјето. Од понеделник стручен тим ќе го разгледува деталниот урбанистички план за овој потег. По стручните консултации ќе се знае и иднината на малото пристаниште наспроти хотелот Палас, за кое ТВМ минатата недела пишуваше во два наврати. Од локалната откриваат дека последниот детален урбанистички план кој е валиден во овој момент за крајбрежејето односно за овој потег бил донесен на 22 мај 2001 год. „Планот е валиден и сега на тој простор стои истата маркица – пристаниште, онака...

Continue reading

zelen ostrov

Пресс контењерите ја потврдија својата оправданост

Post Views: 1 Повеќе од оправдан проектот на ЈП Охридски Комуналец со кој на ул. Богомилска и во нас. Христо Узунов беа поставени пресс контењери. Ова решение допринесе во голема мера да се реши проблемот со депонијата која се правеше на овие две локации, поради комплексот згради. Граѓаните не сакаат да зборуваат пред камера, но откриваат дека се задоволни од она што се постигнало со пресс контењерите. Додаваат дека се додека не се  направиле овие еколошки острови на овој потег не се ни минувало поради премногу смет, и непријатната миризаба која се ширела.    „Со поставувањето на...

Continue reading

domasni milenicinja

Сите домашни миленици ќе добијат микрочип за евиденција

Post Views: 10 Кучињата постари од 6 месеци ќе треба да имаат вградено поткожен микро чип кој ќе ја покажува здравствената состојба на миленикот. Ова го предвидува новата мерка која со закон ја пропишува Агенцијата за ветеринарство, најавена од Агенцијата за храна и ветеринарство.  На домашните миленици ќе им бидат имплементирани трајни чипови за евиденција, кои чинат 800 денари. Чиповите ќе содржат информации за вакцините кои ги примило животното и податоци за сопственикот. „На овој начин ќе се оствари целокупната евиденција на бројната состојба на кучињата ќе се овозможи утврдување...

Continue reading

digitalizacija

Телевизиските програми од утре само на дигитален сигнал

Post Views: 32 Македонските граѓани од утре ќе следат телевизиска програма само преку дигитален сигнал. Ова треба да овозможи кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги. Охриѓани генерално запознаени со дигитализацијата. Само мал дел од нив нити слушнале нити знаат што оваа промена ќе им овозможи. Двата кабелски оператори во Охрид Инфел и Алтрасат 2000, комплетно подготвени за да ја спроведат дигитализацијата во  целост. Сопственикот на првиот кабелски оператор во Охрид – „Инфел“, Гоце Иваноски во телефонскиот разговор ни кажа дека за дигитализацијата се подготвени...

Continue reading

JP Niskogradba

Ситуацијата во „Нискоградба“ ништо поразлична од останатите ЈП

Post Views: 10 Новоназначениот директор на ЈП „Нискоградба“, Никола Икономовски јавно проговори за состојбата во која го превзел претпријатието. Тој открива дека со превземењето на функцијата затекнал три неисплатени плати и вкупен долг на ЈП од 67.963.194 денари.  Блокирана сметка поради извршни судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ од 5.096.830 денари. Обврски спрема ЈП во Охрид 14.252.712 денари, обврски за неисплатени телефони 64.395 денари, а спрема угостителски објекти како репрезентација 632.523 денари.   Икономовски кажа дека од основањето на ЈП годишно за репрезентација...

Continue reading

pristaniste

Приказната за малото пристаниште наспроти Палас продолжува

Post Views: 0 Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба. ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид.  Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои  проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе  со копното. Спироски...

Continue reading

pristaniste

Пристаништето наспроти хотелот Палас се распаѓа пред очите на надлежните

Post Views: 8 Бранoвите, високиот водостој на езерото и ветровите комплетно го разурнаа пристаништето наспроти хотелот Палас. Зачудува фактот што никој од надлежните не реагира и не превзема ништо да го сочува или да го реконструира она што остана од некогашното пристаниште. Барајќи кој ја има надлежноста на пристаништето се обративме до Охридската капетанија, како институција која стопснисува со пристанишатта во Р Македонија. Капетанот кој е на службено патување во Хрватска ни кажа дека во Охридската капетанија нема документација која докажува кој е сопственик на пристаништето....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top