Post Views: 0
Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче. Тоа официцијално започна со работа денеска, а истото е наменето за учениците од матичното училиште, но и за дечињата од останатите училишта во Охрид. Учениците веќе го посетиле и се радуваат што токму таму многу повеќе ќе го научат англискиот јазик.
Англиското катче е замислено како центар или библиотека која учениците би ја користеле помеѓу часовите, но и како училница за време на часовите. Наменета е за сите основци кои имаат желба да читаат англиска литература.
„Проектот го работевме долго време. Идејата...
Post Views: 12
Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив.
„За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“.
Првата група холандски туристи,...
Post Views: 17
Драстично намалена продажбата на станови во Охрид во споредба со минатите години. Сопствениците на агенции за недвижности велат дека продажбата им опаднала за дури 70 до 80 %, но дека не ги плаши само тоа што не се продаваат станови, туку тоа што луѓето воопшто не прашуваат за купување на станови. Но, за вака лошата моментална состојба Сопствениците на агенции, вината ја насочуваат во економската криза, но и предимензионираната градба во градот.
„Сите инвеститори преќутно кажуваа дека продваат, но општ е заклучокот дека многу малку станови се продаваат. Неможе да...
Post Views: 4
Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора.
„Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни...
Post Views: 13
Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум. Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %. Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и...
Post Views: 2
По улица „Климетица“ во Струга шест дена тече вода, а надлежните од Р.Е Водовод не интервенираат. Граѓаните како што е ред најпрво решение за проблемот побарале од МЈП Проаква и случајот го пријавиле до надлежните служби во ова ЈП. Откако никој не излегол на терен за да го отстрани дефектот, се обратија и до нашата редакција.Во дописот испратен до ТВМ стои дека целата улица е во хаотична состојба, а најлошо од се е што сите околни куќи кои поседуваат подрумски простории се полни со вода за пиење. За да се увериме излеговме на терен, каде констатиравме дека жителите...
Post Views: 2
Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.
„ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин.
Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот...
Post Views: 7
Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски.
„Доколку ги исполнат договорите...
Post Views: 10
Денес во просториите на образовниот центар „Пи-си“ се одржа вториот циклус од натпреварите „Топ 10 Избор на најдобар ученик на градот Охрид“, за учебната 2011/2012 година. Електронските тестирања за избор на најдобрите десет ученици, се спроведоа по наставните предмети македонски јазик, англиски и математика. Учениците задоволни од тестовите и времето кое им беше дадено за решавање.
Годинава се натпреваруваа 125 натпреварувачи, ученици од 5-то до 8-мо одделение од шест основни училишта од Охрид. Училиштата ги избираат најдобрите ученици, додека од Лајонс клубот „Охрид“...
Post Views: 5
Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро. Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...
Post Views: 4
Иницијативата за посетата на оваа земја е на здружението македонско – турското пријателство и со подршка на градоначалникот на Општина Охрид. Првичната идеја за патувањето се повеќе месечните контакти за воспоставување на соработка помеѓу Битолскиот универзитет Св Климент Охридски и Универзитетот Нами Кемал од Текирдак -Турција. На средбата со ректорот и претставници на општината најпрво бил презентиран Охрид со неговите културни, историски и природни убавини, а проф. д-р Вера Караџова од ФТУ го презентирала и универзитетот Св. Климент Охридски, по што се воспостави...
Post Views: 0
Охриѓанката Лилјана Сотироска една од многуте наши сограѓанки кои од раните утрински часови ги вапцаа првите јајца. Потоа според обичајот и Сотироска го извади првото јајце да го види светлото на денот. Таа открива дека уште на Велики Вторник ја подготвува бојата и јацата кои треба да се вапцаат. Објаснува дека со овој чин и во нивната куќа започнува да се чувствува предвелигденска атмосфера.
„Во нашава куќа и секаде најпрво се вапцуваат црвените јаца кои го симболизираат христиајнството, а тоа доаѓа од таму што Марија Магдалена кога го посетила починатиот Исус Христос,...