Автор: Јаковлева Лионела

На охридските плажи нема знаци кои ќе ги предупредат капачите

Post Views: 18 Плажите се омилено место во овие екстремно жешки денови, но малкумина знаат дека кријат и безброј опасности. Капачите не знаат каква е конфигурацијата на дното на езерото, каде има карпи, а каде песок, колку е длабочината на водата на одредени места, кои се црни точки, дали има подземни извори и вртлози, дали на оние плажи каде има мост тој е безбеден и тн. Не беше така одамна кога на плажите, посебно на оние уредените и покрај хотелските комплекси постоеја знаци од кои можеа да се добијат вакви информации. Сега од некогашните обележја нема ниту траг, а нови не се сетил...

Continue reading

Унеско со пораки и поезија во одбрана на Охрид

Post Views: 21 Унеско со пораки и поезија во одбрана на Охрид. На апелите на уметниците, учесници на фестивалот “Охридско лето” (Александар Попоски, Влатко Стефаноски, Дуке Бојаџиев), за спас на Охрид и езерото, односто за зачувување на статусот – универзална културна и природна вредност, се приклучи и УНЕСКО, влијателна гранка на Обединетите нации. Преку Светската академија за поезија на УНЕСКО, со седиште во Равена, а во организација на Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид, во присуство на бројни членови на МАНУ, дипломати, универзитетски професори, поети...

Continue reading

За спасителите на плажа полни раце работа

Post Views: 10 14 интервенции на извлекување на давеници од езерото на охридското крајбрежје, пет во Струга и две на Преспанското езеро. Тоа е билансот од работењето на спасителите на вода од Црвен крст Охрид од почетокот на сезонава па до денес. На Охридското крајбрежје има 35 плажи но само на 22 од нив има спасители на вода. Во Струга пак само пет капалишта се обезбедени со спасители на вода, а на Преспанското само четири плажи. Секоја година со истите проблеми се соочуваме, со недостаток на разбирање, одговорност, професионалност од страна на оние кои ги концесираат плажите и кои...

Continue reading

И жените знаат да раководат

Post Views: 23 Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места. Само во секторот за образование и здравство има раководител од женски пол. Стереотипите наметнати од минатото и поделбата на машки и женски професии тешко се надминуваат. Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува тридневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика. На работилницата учествуваат преставници од локалната администрација и од Советот...

Continue reading

Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали

Post Views: 0 Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали. Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата поради која изминативе денови поголем број на граѓани реагира споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Од локалната самоуправа велат дека навистина се запрепастени од несовесноста на некои граѓани. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение. СЕ прават непотребни трошоци, се фрлаат пари кои впрочем се на самите граѓани.Воопшто не е важно колку ќе ја...

Continue reading

Есенва ќе се врши санација на колекторот

Post Views: 6 Државното Јавно претпријатие „Колекторски систем“ треба да профункционира од есенва. Се е подготвено за да започне со работа, Владата го прифати делбениот биланс изработен од страна на МЈП „Проаква“, а со ребалансот на државниот буџет предвидени се 4 200 000 ден. за првична санација на колекторскиот систем. Најкритични точки се потегот од Даљан до Сатеска и од Синдикални до Парк. Со студијата Џајка која пред неколку години ја правеа јапонски експерти констатирано е дека има големо запушување на овие делови од колекторот така што тој работи со минимален капацитет. Ако...

Continue reading

Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна

Post Views: 6 Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна. Насекаде се продава се и сешто, најчесто без да се запазат основните услови за продажба на прехрамбени производи. Затоа од Центарот за јавно здравје советуваат граѓаните да бидат внимателни од каде и што купуваат. Да се внимава на видот на храната, дали е свежа, каква е, добро да се мие, да се чува во ладилник не повеќе од три дена, да се внимава на рокот,како е спакувана храната, дали пакоувањето е оригинално. Тука е и апелот до маркетите и продавниците кои продаваат вода во пластични шишиња,а...

Continue reading

Стефан Миленковиќ денес во рамките на „Охридско лето“ ќе одржи концерт во „Света Софија“

Post Views: 4 Охрид го чуствувам за мој. Со Охрид ме врзуваат спомени уште од детството, тоа е нешто повеќе од самите мои концерти, од самиот фестивал, тоа е практично дел од мојот живот и моето семејство. Тоа го изјави познатиот виолинист Стефан Миленковиќ на прес-конференција по повод неговиот денешен концерт во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“. Ќе настапи со неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ со атрактивна програма за концертот осмислен со, како што рече, „летен шмек“, изразувајќи уверување дека ќе и се допадне на публиката. Сите дела се историски важни, од...

Continue reading

Езерската вода е исправна за капење

Post Views: 29 Езерската вода е исправна за капење. Таа речиси по целата брегова линија е од прва категорија, а само на некои места е од втора. Ова го покажале последните наоди од контролите извршени на површинските води на езерското крајбрежје од страна на Центарот за јавно здравје. Во средината на јуни беше евидентирано загадување на водата на делот кај одморалиштето „Партизан“, поради што беше забрането капење на овој потег. Преставници на Центарот за јавно здравје заедно со директорите на ЈП Проаква и ЈП Нискоградба излегле на терен и констатирале дека загадувањето доаѓа од излевање...

Continue reading

zaveani

Спaсени трите лица кои беа завеани во Ржаново

Post Views: 13 Спасени три лица завеани во струшкот село Ржаново. 15 годишниот Цветан, татко му Горан и  неговиот стрико Тоде Кузманоски во претпладневните часови беа извлечени од завеаното село со интервенција  на хеликоптерската служба на МВР.  Кузманоски од неделата беа во селото и не можеле  да се пробијат до Струга од високите снежни наноси, а операцијата за извлекувањето била успешна.   „Струја нема 3-4 дена , телефоните ни се испразнија, не можевме да контактираме. Метро и нешто има снег, движењето е ограничено само околу куќа , тоа што беше за јадење се изеде“, изјави Горан...

Continue reading

Ново лето, стара слика

Post Views: 12 Ново лето, стара слика. Повторно дивите продавачи на бостан со камиони доаѓаат и се лоцираат на разни места низ градот продавајќи ги своите производи на диво, во несоодветни хигиенски услови и најчесто без фискална сметка. Оваа појава се провлекува години наназад, но никако да се реши.Тука треба инспекциските служби да интервенираат бидејќи секој има своја надлежност, во некои случаи треба и полицијата да интервенира, а и пазарната инспекција бидејќи најчесто овие продавачи немаат регистрирано фирма, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директор на ЈП „Градски пазар“. Од...

Continue reading

Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај

Post Views: 0 Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај. системот функционира, картичките се реевидентирани па засега нема некои поголеми проблеми, велат од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта. Картичките се издадени по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид. За обезбедување на рампите се ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на такси...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top