Автор: Јаковлева Лионела

Од утре започнува имунизација против сезонски грип со комерцијални вакцини

Post Views: 6 Од утре започнува имунизација против сезонски грип, но со комерцијални вакцини. Цената на вакцината е 650 денари и е од француско потекло и е четворовалентна и со висок квалитет. Вакцинирањето ќе се врши од 8 до 14 часот. Бесплатното вакцирање ќе започне од 25 Ноември. Право на имунизација против сезонски грип без надомест имаат лица над 65 год., лица со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници и деца на возраст од 6месеци до 5 години. Сите тие мора да имаат упат од матичниот лекар со назначен термин за вакцинирање. Оваа вакцина е обезбедена од Министерството...

Continue reading

Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка денес заседаваше во Охрид

Post Views: 3 Денес во Охрид се одржа 9-тата сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво. Ние од наша страна ги запознавме со нашите планови дека планираме да инвестираме во зејоделството кај нас, пред се ги промовиравме откупно-дистрибутивните центри, ги запознавме со можностите како може да се инвестира во...

Continue reading

begalci

Собранието на РМ да прогласи кризна состојба поради напливот на бегалци, бараат експертите

Post Views: 3 Бегалската криза не е проблем кој ќе се реши до Нова година и треба сериозно да се пристапи кон решавање на истиот, велат експертите. Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци кои влегуваат на нејзина територија, додаваат тие. Проф. Марина Митревска  од Инститиут за безбедност, одбрана и мир, кажа дека мора да се направи една тампон зона кај Гевгелија доколку сакаме да ја контролираме ситуацијата со мигрантите. Неопходно е да се прогласи кризна состојба а тоа може да го направи само Собранието...

Continue reading

Отворен Саем на книгата во НУ „Григор Прличев“

Post Views: 3 Книгата, нашиот најдобар пријател. Колку оваа реченица има значење во сегашноста кога за жал се помалку се чита. Верни на пишаниот збор сеуште се оние од повозрасните генерации, додека на младите поинтересно им е да се занимаваат со своите мобилни телефони и други технолошки достигнувања. НУ Библиотека „Григор Прличев“ прави напори да го зголеми интересот за книгата, посебно кај оваа популација. Од денес во оваа национална установа отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид.На продажба се дела од капиталните...

Continue reading

Ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“ работи со полн капацитет

Post Views: 4 Бесплатно сместување, три оброци, солидни услови и максимална безбедност, нуди ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“. Овој дом има капацитет од 120 легла, а моментално се зафатени 116. Во него се сместени основци претежно од училиштето „Ванчо Питошески“, но има ученици и од други средни училишта во градов. Единствен услов за да имаат право да аплицираат за сместување во домот е да доаѓаат од град во кој нема такво училиште. Трошоците околу сместувањето и храната целосно паѓаат на Министерството за образование. Тоа е една голема...

Continue reading

Шест години печалење на црно

Post Views: 1 Повеќе од шест години некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје работат на диво, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.Во однос на сите тие плажи коиштo периодот наназад стопанисувале во Општина Охрид, има податоци од кои и јас самиот се изненадив. Има плажи кои години наназад функционираат, меѓутоа нивните договори не се обновени...

Continue reading

Родители гневни на тоа како се отстранува азбесниот кров на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 0 Револтирани и загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкциајта на кровот на училишната зграда. Според тврдењата на родители, поткрепени со фотографии, замената на азбестните плочи се врши без запазување на минимум стандарди. Велат дека таблите се фрлаат од покривот во дворот на училиштето при што се кршат и се шири прашина со азбестни влакна. И самите работници немаат никаква лична заштита при работата, додаваат родителите. Градежните работи кои ги финансира Општината...

Continue reading

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира

Post Views: 0 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе пола година не функционира. Уште во месец Мај заврши мандатот на претседателот на совет и на неговите членови, а од тогаш до сега не е конституиран нов. Овој Совет кој е во рамките на Локалната самоуправа има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа многу е важно тој како тело и понатаму да постои. Сигурно ќе има нов совет и нови членови бидејќи својот...

Continue reading

Пак се сече

Post Views: 0 Паркот пред хотелот „Инекс Олгица“ во месноста Горица 2, остана без седум повеќегодишни стебла. Минувачите и вљубениците на природата викендов беа непријатно изненадени. Прашуваат зошто дрвата се исечени, коментирајќи дека тие се најголемото обележје на овој дел од градот. Од хотелот информираат дека се работи за превентивна сеча од безбедносни причини на четири кедери и три бора, кај коишто е настанато сушење од врвот на дрвото, што било констатирано од надлежниот инспекторат и комисија при локалната самоуправа. Од хотелот „Инекс Олгица“ појаснуваат дека се исечени...

Continue reading

Фекалии на неколку метри од храна

Post Views: 1 Дефект на канализациона шахта од која се излеваа фекалии го блокира пристапот до градскиот пазар од страната на булавар „Туристичка“. Проблемот е присутен повеќе од една недела. Вработените во аптеката Зегин за дефектот, како што велат, уште тогаш информирале во ЈП „Нискоградба“. Екипи од ова јавно претпријатие дошле на терен, но не можеле да интервенираат бидејќи шахтата се наоѓа во самата аптека поради тоа што објектот бил доградуван. Денес проблемот ескалира, па од сабајле екипите од „Нискоградба“ работат со цел да изнајдат решение и да го спречат излевањето на фекалии. Дефектите...

Continue reading

Македонскиот литературен јазик го снемува

Post Views: 0 Јазикот е нашата татковина, рекол големиот Блаже Конески. Но, за жал полека ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува, заменет од некои извитоперени кованици и примеси од странските јазици. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје за да го изучуваат Македонскиот јазик и да можат да ги учат наредните генерации како правилно да говорат и пишуваат. Причини за тоа има многу. Најголем проблем е вработувањето, затоа младите тешко се одлучуваат да студираат на Филозофскиот факултет. Друга причина е непочитувањето...

Continue reading

Реконструкцијата на кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО

Post Views: 0 Проектот за кејот испратен во УНЕСКО. Иако општината има правосилно одобрение за градба, има и Стратегиска оценка за влијание на животна средина реконструкција за кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО. , вели Градоначалникот Константин Георгиески. Проблемите што ги имаме со УНЕСКО се поради недостаток на таа комуникација. Години наназад државава немала никаква комуникација со УНЕСКО и со нивните советодавни тела, информациите кои стигнувале во УНЕСКО биле од Охрид СОС, ОД 21/42 и такви слични организации кои не дека се нерелевантни туку не се целосно точни и нашите напори...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top