Автор: Јаковлева Лионела

Основните училишта во градов немаат обезбедување

Post Views: 12 Основните училишта во градов немаат обезбедување. Овие образовни установи многу често се цел на хулигански испади, разбојништва и тепачки. Директорите на сите училишта се едногласни дека неопходно им е физичко обезбедување и тоа 24 часа во текот на целата година. Оливија Пирузева, првиот човек на ОУ „Христо Узунов“ вели дека години наназад прават напори да го обезбедатучилиштето. За да ангажираат приватна агенција мора да реши советот на родители, но тие како да немаат многу слух за овој проблем. Интересот станува индивидуален кога некое од децата ќе се соочи со проблем...

Continue reading

Катна гаража ќе има

Post Views: 0 Се поизвесно е дека Охрид ќе ја добие долго најавуваната катна гаража. На просторот каде моментално се наоѓа градскиот пазар ќе се прави вакво паркиралиште. Тоа е предвидено и со Деталниот урбанистички план, но се чека да се исполнат некои технички услови. Од технички аспект таму имаме една парцела која е предмет на експропријација и тоа сега е ново настаната ситуација. Почната е постапката за експропријација на таа парцела и во тек е изработка на физибилити студија која ќе ни даде податоци дали е најисплатливо да ја градиме со јавно приватно партнерство или со сопствени...

Continue reading

Георгиески:Преку ноќ не може да се реши проблемот со дивоградбите

Post Views: 5 Општинските инспектори секојдневно се на терен и прават записници за дивоградбите во градов. Во општината постојано има пет до осум пријави за бесправно градење. Но, тоа не значи дека сите се издржани, објаснува градоначалникот Константин Георгиески. Треба да сме свесни дека тоа ќе е еден процес кој ќе течи во иднина и самото отстранување на бесправно изградените објекти ќе е процес кој ќе течи можеби година и две. УНЕСКО не бара од нас да ги отстраниме сите бесправни објекти до 1ви февруар како што е изнесено во јавноста, вели Градоначалникот. Ние ќе делуваме во насока...

Continue reading

Локалната постави паркинзи за велосипеди

Post Views: 1 На девет локации во градов Локалната постави паркинзи за велосипеди. Овој проект е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид, а општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили и нивна замена со велосипеди или одење пеш до предвидената локација.Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИС и ЗЕЛС остваривме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет...

Continue reading

Осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“

Post Views: 4 Речиси осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Години наназад ова училиште мака мачеше со запишувањето на првачиња, но оваа година бројката потсетува на некои златни времиња кога таму учеле и по повеќе од 100 првачиња. Причини за ваквата драстична промена има повеќе. Пред се тоа се условите кои ги нуди училиштето, како што е едносменското работење и функционирањето на продолжниот престој до 17 часот. Но зголемениот број на првачиња создаде нов проблем. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да формира...

Continue reading

Инклузија на децата со посебни образовни потреби

Post Views: 5 20 деца со посебни образовни потреби, распоредени во три паралелки, ја започнаа новата учебна година во ОУ Св. „Климент Охридски“. Во нив има деца со различен спектар на посебност. Има со аутизам, даунов синдром, инвалидност. Со нив работат наставници дефектолози. Од неодамна има и 16 ученици со потешкотии кои се вклучени во редовните паралелки со кои работи инклузивен дефектолог. Со новиот Закон за основно и средно образование донесен неодамна од ресорното Министерството се дадени напатствија како училиштата во кои има вакви ученици во иднина да ги организираат паралелките. Според...

Continue reading

Во охридските училишта започна новата учебна година

Post Views: 0 Во охридските училишта започна новата учебна година. Најавениот штрајк од страна на СОНК не се реализира, па новите првачиња во охридските основни училишта беа пречекани од нивните учителки. Во школскиот двор и ходниците на основното училиште „Христо Узунов“ утринава можеше да се забележи раздвиженост. Учениците дојдоа на првиот училиштен ден и веќе ги зедоа учебниците за претстојната учебна година.Учебната година во „Христо Узунов“ започна со предвидената динамика. Првачињата дојдоа на време, за нив имавме и свечена приредба, а и останатите ученици го одржаа првиот...

Continue reading

Плоштадот „Крушевска република“ есенва ќе добие нов лик

Post Views: 14 Од есенва ќе започне реконструкцијата на плоштадот „Крушевска република“. Овој проект кој е готов веќе две години, по се изгледа конечно ќе се реализира. Работите закочија поради нерешени имотно правни односи на една парцела која влегува во плоштадот, но од Секторот за урбанизам велат дека и тоа ќе биде завршено до крајот на месецов.Колку сите овие процедури да можеме да ги забрзаме сепак поради туристичката сезона до 15ти септември не може ништо да се прави, но веднаш после тоа ќе се започне со раборта на терен, објаснува Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.Сегашниот...

Continue reading

Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода

Post Views: 9 Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода. Многу пати е потврдено дека овие пловила за рекреација се крајно небезбедни, а оние кои сакаат да се забавуваат на нив пак, воопшто не почитуваат никакви правила. Најчесто поради претовар доаѓа до превртување на педалинката што ја загрозува безбедноста на оние кои се на неа. За среќа ова лето засега немаше некој немил настан со поголеми последици, но имало интервенции од страна на спасителите. Најповеќе интервенции имаме со оние кои ги издаваат педалинките и останатите пловни објекти за забава каде...

Continue reading

Денес на тапет ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 1 Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за недомаќинско и неодговорно работење на Локалната власт на СДСМ, трошењето народни пари аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Денешната прес конференција се однесуваше на ЈП „Охридски комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски кој според нив неколкукратно ги зголемил расходите за репрезентација. Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните? Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот? Го охрабруваме да им објасни на Охриѓани...

Continue reading

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција

Post Views: 0 Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Од таму потенцираа дека иако власта на СДСМ досега променила тројца директори, резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководел стручен и професионален кадар, кога биле одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот...

Continue reading

Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава

Post Views: 4 Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава. Центарот за култура „Григор Прличев“ веќе е во преговори со режисерот Игор Ифковиќ од 1ви септември да започнат да подготвуваат нов проект, а тоа е претставата на Душан Ковачевиќ со наслов „Генерална проба за самоубиство“, која ќе биде финансирана од Министерството за култура. До средина на октомври треба да биде готова и Охриѓани да ја гледаат премиерата. Актерите во летниов период малку паузираа бидејќи во месец јуни заврши редовниот репертоар, а и голем дел од претставите на фестивалот Охридско...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top