Локалната постави паркинзи за велосипеди

На девет локации во градов Локалната постави паркинзи за велосипеди. Овој проект е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На девет локации во градов Локалната постави паркинзи за велосипеди. Овој проект е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид, а општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили и нивна замена со велосипеди или одење пеш до предвидената локација.
Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИС и ЗЕЛС остваривме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет велосипедски постојки на повеќе локации во градот. Имаше потреба од соодветни места за паркирање велосипеди, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Малите нешта го поедноставуваат животот на луѓето и го прават поефикасно нивното секојдневно движење низ градот, рече градоначалникот. Тој додаде дека иако станува збор за помал проект тој е многу корисен и практичен за охриѓани, а најави и нов проект на задоволство на сите оние кои сакаат да возат велосипеди.

Ние сме во фаза на изработка на еден проект за формирање систем на градски велосипеди кој што ќе биде електронски како во сите модерни градови. Сите нови улици кои се проектирани или се во фаза на градење ќе добијат велосипедски патеки како што е случајот со улица „АСНОМ“ каде се градат две, додаде Георгиески.
Постојки за велосипеди има во непосредна близина на поштата, по едно на улица „Македонски Просветители“ кај скаличките во близина на трговски центар „Амам“, на улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар, кај меѓуградската автобуска станица во Охрид , пред „Маларична“, кај Факултетот за туризам и угостителство и пред општинската зграда.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top