Есенва ќе се врши санација на колекторот

Есенва ќе се врши санација на колекторот. Државното Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за еден месец треба да профункционира па ќе се отпочне со работа на најкритичните точки на езерото. Покрај санација на колекторскиот систен најголема заложба на новото јавно претпријатие ќе биде изготвувањето проекти со кои ќе се аплицира во европските фондови за добивање пари за изградба на нов колекторски систем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Државното Јавно претпријатие „Колекторски систем“ треба да профункционира од есенва. Се е подготвено за да започне со работа, Владата го прифати делбениот биланс изработен од страна на МЈП „Проаква“, а со ребалансот на државниот буџет предвидени се 4 200 000 ден. за првична санација на колекторскиот систем. Најкритични точки се потегот од Даљан до Сатеска и од Синдикални до Парк. Со студијата Џајка која пред неколку години ја правеа јапонски експерти констатирано е дека има големо запушување на овие делови од колекторот така што тој работи со минимален капацитет. Ако дозволената граница на односот помеѓу чиста и фекална вода во цевките на колекторот е 4:1 сега е 8:1. Поради тоа многу често при пообилни врнежи доаѓа до излевање на фекалии кои го загадуваат езерото. Голем проблем преставува и нефункционирањето на пречистителните пумпи од кои дури 13 во моментов се на ремонт.

Покрај санација на колекторскиот систен најголема заложба на новото јавно претпријатие ќе биде изготвувањето проекти со кои ќе се аплицира во европските фондови за добивање пари за изградба на нов колекторски систем, вели Владимир Алексијоски- директор на МЈП „Проаква“.

Новото претпријатие ќе се самофинансира од средствата добиени од сметките за плаќање колектор. Оваа ставка сега се плаќа во пакет со сметката за вода, а во иднина ќе биде издвоена. Изнесува 16,7 ден. Ќе бидат преземени 60 вработени од сегашниот сектор колектор во МЈП Проаква, а ќе има и нови вработувања, а директор ќе биде Владимир Алексијоски, актуелниот прв човек на „Проаква“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top