Автор: Јаковлева Лионела

Пет идејни решенија пристигнаа на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“

Post Views: 4 Заврши конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. На конкурсот се пријавени пет кандидати, а кои се нивните имиња и какви се идејни решенија се нудат допрва ќе се знае кога ќе се отворат понудуите. Изборот на сувенир на градот е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општинатаа целта е да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот кој ќе е препознатлив во промоцијата на Охрид. Ова нема да биде официјален симбол на Охрид, туку ќе биде сувенир кој Локалната самоуправа ќе го користи во сопствените промотивни дејности. Општината формира...

Continue reading

Програмата за поставување времени објекти ги револтира граѓаните кои имаат такви објекти

Post Views: 0   Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти. Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на совет ...

Continue reading

Сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица, обвинуваат од СДСМ

Post Views: 12   Охридските советници од СДСМ денес уште еднаш потсетија на ветувањата дадени од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески, а кои како што велат сеуште не се реализирани. Тие својата пресс конференција ја одржаа кај автобуската станица од каде упатија критика дека сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица. Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во предизборната програма на Бакрачески очигледно била само уште една предизборна лага на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните само знаат дека беше продадена...

Continue reading

Оперската дива Елина Гаранча ја крена публиката на нозе

Post Views: 1 Синоќа со прекрасните звуци на повеќе арии, оперската дива Елина Гаранча од Латвија го означи почетокот на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ја придружуваше оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија. Во преполниот Античкиот театар многубројната публика имаше прилика да ужива во беспрекорните изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини. Покровител на фестивалот и оваа година беше претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го прогласи за...

Continue reading

Градоначалникот на средба со израелскиот амбасадор

Post Views: 1 Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна, но и пријателска средба со израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан. Се разговарало на повеќе теми кои се од заеднички интерес, но пред се се ставил акцент на развојот на образованието и на туризмот. Договорено било неколку израелски туроператори  и новинари да го посетат Охрид и да пишуваат за него и неговите природни и културни убавини, како би се привлекле гости од оваа далечна земја. Ваквата посета би се организирала кон крајот на септември или почетокот на октомври. Станало збор и за развој на здравствениот...

Continue reading

Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии

Post Views: 0   Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии. Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на АД...

Continue reading

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 1 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година на...

Continue reading

На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува забраната за возењето скутери

Post Views: 6 На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува во целост забраната која стапи на сила од први овој месец, а се однесува на возењето скутери од 11 до 19 часот. Панде Рилков, инспектор за безбедност за внатрешна пловидна при капетанијата вели дека сеуште поединци си земаат за право да дивеат по езерото во оној временски интервал кој е забранет. Ние редовно правиме контроли и ги користиме сите човечки ресурси за да се направи ред и на струшкиот дел од крајбрежјето. Во тоа ни помага и езерската полиција со која имаме одлична соработка. На прекршителите им се...

Continue reading

Летово на десет времени паркинг локации паркирањето ќе се врши без наплата

Post Views: 0   Летово во градов ќе има десет времени паркинг локации каде што паркирањето ќе се врши без наплата. Ова е утврдено според одлуката за Летниот режим на сообраќај, која стапи на сила од 1-ви јули 2016 година. Слободни за паркирање се паркинг просторот пред Горна Порта од десната страна; Паркинг просторот од десната страна на ул„Караорман“, од ул.„Димитар Влахов“ до „Бул.Туристичка“ покрај Гимназијата и на Паркинг просторот кај амбуланта „Маларична“. Како бесплатен паркинг е определен и просторот од улицата „Јане Сандански“ наспроти „Комерцијална банка“ и Паркинг просторот...

Continue reading

Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар

Post Views: 8 Во центарот на Струга, зад хотел Београд, попладнево избувна голем пожар . Огнената стихија која брзо се ширела зафатила пет куќи-лепенки. Според најновите информации кои ги добивме од командирот на ТО Струга Минир Мамуди во пожарот целосно изгореле три од објектите, а пожарникарите се борат да ги спасат целосно да не изгорат четвртата и петтата куќа. Според Мамуди нема повредени лица бидејќи трите куќи биле ненаселени, а оние кои живееле во четвртата и петтта лепенка навреме биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот со три возила  учествуваат и екипи од охридската Противпожарна...

Continue reading

„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“

Post Views: 3 Угостителските објекти, хотели и ноќни клубови за време на летниот период ќе бидат дополнително контролирани од страна на полициските службеници, со цел спречување на било какво нарушување на јавниот ред и мир . На иницијатива на СВР Охрид надлежните институции денес остварија состанок под мотото „мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. На состанокот беа изложени сите планови и програми кои се ажурирани во делот на ингеренциите на секоја од институциите и во делот на спроведување на надлежностите со цел секоја институција да го даде својот максимум при преземањето...

Continue reading

„Како ќе се развива Галичица?“

Post Views: 0 „Како ќе се развива Галичица?“ Ова прашање беше поставено на денешната јавна дебата која  се одржа во организација на ДОМ и „Зелениот институт“, со поддршка од холандската фондација Bureau de Helling. Загрижени од најавите за изградба на експресен пат кој ќе поминува низ националнуиот парк како и градбата на хотелски комплекси кои ќе го наруѓат биодиверзитетот на оваа наша планинска убавица, повеќе експерти еколкогисти и подржувачи на иницијативата Галичица да се задржи во овај облик во кој што е сега јавно ги искажаа своите ставови против било кави градби и бетонски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top